Стадион Пловдив — повеќенаменски стадион кој се наоѓа во Пловдив, Бугарија. На овој стадион своите домашни натпревари во минатото ги играле ФК Ботев, ФК Локомотив, ФК Марица и ФК Спартак.

Стадионот бил изграден во 1950 година под името „9 септември“. Во 1962 година бил проширен, додека во 1991 година е започнато амбициозно реновирање кое не е завршено заради недостаток на средства. Денес е запуштен, без лиценца од УЕФА. На него повремено се играат второкласни натпревари, претежно на јуниори. Стадионот има сместивост од 55,000 гледачи, што го прави најголем во Бугарија.

Категорија:Спортски зданија во Пловдив Категорија:Фудбалски стадиони во Бугарија