Си (, , Сиѓанг; , Сајгунг) или Западна Река — река во јужна Кина, западна притока на Бисерната Река. Се образува со слевањето на реките Гуеј и Син во Вуџоу, Гуангси. Реката потоа тече на исток низ покраината Гуангдунг, и навлегува во делтата на Бисерната Река веднаш источно од клисурата Лингјенг во Џаоќинг. Главниот тек на Си тече на југоисток низ делтата и се влева во Јужнокинеското Море кај Модао Мен, веднаш западно од Макао. Поважни градови по течението на Си се Вуџоу, Џаоќинг и Ѓангмен.
Другите две крупни притоки на Бисерната Река се Дунг (Источна Река) и Беј (Северна Река).
Си е пловна долж целото течение и претставува важна стопанска сообраќајница во јужна Кина, поврзувајќи ги градовите на делтата со внатрешноста на земјата. Пред повеќе од илјада години е прокопан каналот Лингќу, кој го поврзува сливот на Си (реката Ли, притока на Гуеј) со реката Сјанг, која се влева во Сината Река (Јангцекјанг), образувајќи непрекината сообраќајница од делтата на Бисерната Река до долината на Сината Река.
Целиот речен систем на Си е најголемиот меѓу сите притоки на Бисерната река. Долг е и има втор најобемен проток во Кина, веднаш по Сината Река. Служи за водоснабдување на многу места во Гуангси, Гуангдунг и Макао.
Постои и друга река со истото име, но таа е мала притока реката Ѓулунг северозападно од Сјамен.
Речен систем Речен систем на Си (закосени се реките што течат вон Гуангси) Фучуан (富川江) Хе (贺江) Си (西江) Ли (漓江) Гуеј (桂江) Бејпан (北盘江) Хунгшуеј (红水河) Ќен (黔江) Син (浔江) Нанпан (南盘江) Жунг (融江) Љу (柳江) Лунг (龙江) Јоу (右江) Јунг (邕江) Ју (郁江) Ѕуо (左江)
Поважни градови на Си Вуџоу Џаоќинг Ѓангмен
Наводи
Надворешни врски
Екорегионот на реките и потоците на Си — Светски фонд за природа Сиѓанг (Сицзян) — Голема советска енциклопедија
Категорија:Слив на Бисерната Река Категорија:Географија на Гуангдунг Категорија:Географија на Гуангси Категорија:Географија на Јунан