Балкалар ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 18 километри североисточно од градот Драма и на 25 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на падините на Родопите на надморска височина од 440 метри.

Историја Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Псилокастро .

Демографија

Според грчката статистика, во 1913 година во селото живееле 50 луѓе.

До 1928 година во селото биле населени 205 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 205 жители, додека во 1940 година селото броело 308 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 197 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 150 жители, во 1971 година имало 34 жители, во 1981 година имало 21 жител, додека во 1991 година имало 43 жители. Денеска, населението на селото е 38 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Бук