Мајадаг (, Фанос, до 1926 година Μαγιαδάγ, МајадагΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μαγιαδάρ -- Φανός; , Мајадаг) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на област Централна Македонија, Грција. Населението брои 95 жители (2021).
Географија Селото е сместено во североисточните падини на планината Пајак на 14 километри северно од градот Бојмица (Аксиуполи).
Историја лево|мини|200x200пкс|Плоштадот во Мајадаг, во Првата светска војна
Во XIX век Мајадаг е големо турско село во казата Аврет Хисар (Кукуш) на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Маада (Mааdа) е населба во казата Аврет Хисар (Кукуш) со 600 домаќинства, како и тоа дека жителите се 1.496 муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 168-169 Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 година Мајадаг е село во гевгелиската каза со 3.200 жители Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.152.
Во 1913 година селото влегува во рамките на Грција. Населението се иселува во Турција и на негово место се населени Грци бегалци. Во 1926 година селото е преименувано во Фанос. Во 1928 година целото село е бегалско со 146 семејства и 582 жители бегалци.
Наводи
Категорија:Пајонија (општина)