Нова Кавала (, Неја Кавала) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.127 жители (2021).
Географија Селото се наоѓа во Солунското Поле, околу 4 км источно од градот Ругуновец.
Историја Селото е основано во 1930-те години со пресушувањето на Арџанското Езеро,Από την Καβάλα στη Νέα Καβάλα, Πρωινή του Κιλκίς, 7 мај 2010 на место кое дотогаш било под вода. Во новосоздаденото село се населиле луѓе од Кавала, кои биле Грци доселени од Мала Азија и времено сместени во тој град. Во прво време државата им изградила седумдесет живеалишта, и ја нарекло населбата Евдоминада — име кое го означува овој број. Подоцна е преименувана по градот од којшто дошле.
Нова Кавала за првпат се спомнува во пописот од 1940 г. кога е заведена со 361 жител, но оттогаш населението е во опаѓање.
Население
Стопанство Земјиштето е мошне плодно. Се одгледуваат памук, пченица, пченка, бостан и други земјоделски производи. Развиено е и краварството.
Поврзано Солунско Поле
Наводи
Категорија:Пајонија (општина)