Хотел „Бристол“ ― хотел во средиштето на Скопје.

Историја Хотелот „Бристол“ бил изграден во 1920-тите, а свечено бил пуштен во употреба на 24 април 1924 година. Негови вложувачи и први сопственици биле браќата Ташко и Ристо Караџа, кои се занимавале со трговија на големо.

Хотелот „Бристол“ бил затворен на 9 ноември 2012 година.

Наводи

Категорија:Хотели во Скопје Категорија:Појавено во 1924 година во Македонија