Лукаш Теодорчик (роден на 3 јуни 1991 г.) — полски професионален фудбалер, напаѓач на Удинезе.
Репрезентативна кариера Во 2010 година, Теодорчик бил именуван во составот на Полска до 20 години. На својот прв натпревар за Полска во оваа возрасна категорија, тој постигнал два гола во победата од 3–2 во пријателски натпревар над Швајцарија.
На 6 јуни 2011 година, тој дебитирал за составот на Полска до 21 година, влегувајќи од клупата на пријателскиот натпревар против Грција. На првиот квалификациски натпревар во оваа возрасна категорија, тој постигнал два гола за Полска во гостинската победа од 3–0 над Албанија.Perfect start for Poland against Albania UEFA; 2 септември 2011
Теодорчик дебитирал за сениорскиот тим на Полска на 2 февруари 2013 година на пријателскиот натпревар против Романија и постигнал два гола и една асистенција во победата на полскиот тим од 4–1. Својот прв гол во полскиот дрес во официјален натпревар, Теодорчик го постигнал против Сан Марино во натпревар кој Полска го добила со 5–0.
Репрезентативни голови # Датум Противник Гол Резултат Натпреварување 1. 2 февруари 2013 2–0 4–1 Пријателски натпревар 2. 3–0 3. 26 март 2013 4–0 5–0 Квалификации за СП 20144. 14 ноември 2016 1–1 1–1 Пријателски натпревар
Успеси Клупски Динамо Киев Премиер лига на Украина: 2014–15, 2015–16 Куп на Украина: 2014–15 Суперкуп на Украина: 2016
Лех Познањ Екстракласа: 2014–15
Наводи
Надворешни врски Профил на transfermarkt.com Профил на Soccerway
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Полски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Полонија Варшава Категорија:Фудбалери на ФК Лех Познањ Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Киев Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт