Георгица () — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2001 година селото нема жители.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на околу 25 километри јужно од градот Гребен и 5 километри јужно од Житово, на северното подножје на планината Хасија, која е дел од масивот Пинд.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на ХІХ век Георгица е грчко христијанско село во јужниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Георгица имало 100 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Георгица станува дел на Кралството Грција.

При првиот попис од новата власт во 1913 година во Георгица се регистрирани 132 жители.

Во 1970-1971 година управата на воената хунта во Грција создала ново село Агии Теодори, во кое постепено се преселиле жителите на Георгица и на уште 6 околни села.Официјално туристичко семрежно место за Западна Македонија

Демографија Движењето на населениото по години е следното: 1913 - 132 жители 1920 - 113 жители 1928 - 127 жители 1940 - 173 жители 1951 - 179 жители 1961 - 180 жители 1971 - 115 жители

Стопанство Населението во селото претежно се занимавало со сточарство и сточарски производи.

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Гребен

Категорија:Историски села во Гребен