Ангел Базернишки или Ангел Секулов Јанкулов — македонски револуционер, војвода и член на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 7

Животопис Ангел Базернишки е роден во Базерник, Демир Хисар, Битолско. Во 1903 година влегол во четата на Ѓорче Петров. Учествувал во борбите на Илинденското востание во Битолско.

По востанието, останал во Македонија, и се прикривал во родното село. Во 1904 година, влегол во четата на Алексо Стефанов, а во 1907 година бил назначен за војвода на чета. Во 1909 година бил уапсен од турската власт, осуден на пет години затворска казна. Казната ја издржувал во битолскиот затвор.

Наводи

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание