Велека — река која се протега од северозападниот дел од Турција до југоисточна Бугарија. Велека е долга 147 километри, од кои 123 се во Бугарија, а 24 во Турција. Извира од карстните предели во турскиот дел на Странџа, а се влева во Црното Море близу селото Синеморец. Велека минува низ националниот парк „Странџа“.Mouth of Veleka River Protected Area Green Corridors.burgas.bg

Ширината на реката во близина на устието е од 8 до 10 метри, а длабочина се движи од 2 до 4 метри. Во устието, Велека е широка 50 метри и длабока 7 до 8 метри, се потопуваат кратко време пред да се влее во морето. Водите на Велека се богати со флора и фауна, со повеќе од 30 видови слатководни риби, од кои најзастапен е кленот. Пет загрозени животински видови живеат во реката, како и важни регионални растенија.Abundance and biomass of fishes in the Veleka River, Bulgaria Research Gate

Сливот и притоките десно|300п|мини|Песочиште на утоката на реката Велека десно|300п|мини|Долниот тек на Велека десно|300п|мини|Менадри на Велека во паркот на природата Странџа Површината на сливот на реката е 955 км2Енциклопедия България, т.1 А-В, Издателство на БАН, София (1978). стр. 620., а границите се следни: На северозапад и север по должина на гребенот Босна, со сливовите на реките Факијска, Изворска, Ропотамо, Ѓаолска и Китенска. На југозапад, реката се протега до планината Странџа и тука создава помала граница со сливот на реката Марица. На југу, Велека се протеже све до слива реке Резовске.

Притоки: → Лева притока ← десна притока

← Долај (во Турција) → Бостанк (во Турција) ← Врлидол ← Катун → Врлидол → Младежка река → Дулбок дол ← Ајдера → Стрмница ← Грахиловски дол ← Качулски дол → Делижанов дол ← Стоманенски дол → Јаменски дол → Ѓаволски дол → Трашка река ← Јазменски дол → Шејтадол → Селскији дол → Керезоват дол ← Богородички дол → Зипков дол → Еленица ← Ликурашки дол ← Колибарски дол ← Мукио ← Селмата

Поврзано Географија на Бугарија Географија на Турција

Галерија <div style="text-align:center;"> </center></div>

Наводи

Надворешни врски Меандрите на Велека – галерија

Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Реки во Турција Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Притоки на Црното Море