мини|десно|180п|Мимопластичната уметност како уметнички облик се смета дека се појавил со позирањето на Ема Хамилтон за сликарот Џорџ Ромни Мимопластична уметност, познната и како атитуди — изведбена уметност за приказ на уметнички дела со примена на мимика. Мимопластичната атитуда се разликува од живата слика поради нејзината имитација на класична скулптура. Со мимопластичната уметност се прикажуваат уметнички дела, особено класични личности.
Историја Мимопластичната уметност била популаризирана од страна на Ема Хамилтон. Нејзиниот уметнички облик веројатно се појавил со нејзиното позирање за сликарот Џорџ Ромни. Во 1787 година, Волфганг фон Гете запишал:
„... со неколку шамии, таа им дава голема разновидност на нејзините пози, гестури, изрази итн., така што гледачот едвај може да им верува на своите очи... Ова е сигурно: како изведба е нешто коешто го немате видено претходно во вашиот живот.“
Овој уметнички облик бил особено популарен меѓу жените од високата класа во Европа во периодот од 1770 до 1815 година. Во тоа време, тие создавале мимопластична уметност во нивните домови. Атитудите на Ида Брун биле проследени со позадинска музика и наративи. Литературниот критичар Хенинг Фенгер сметал дека Бруновата „мимопластична уметност ја маѓепсала Европа“. Други познати изведувачи на оваа уметност биле Хенриета Хендел-Шиц и единствениот машки изведувач на атитуди Густав Антон фон Зекендорф.
Поврзано Пантомима Атитуда Жива слика
Наводи
Категорија:Пантомима