Елена Велевска (р. , ) — македонска фолк и поп пејачка.

Животопис

Се родила како втора ќерка во семејството Велевски. Уште на осум години запеала на училишните смотри на кои настапувала сè до завршувањето на основното образование кога речиси истовремено била избрана за претставник на Прилеп на училишниот натпревар што се одржал во Пробиштип. Својата прва песна "Сонувам" ја снимила на петнаесетгодишна возраст со групата "Уникат" од Прилеп. Тоа ја охрабрило да го сними својот прв солистички албум "Што ќе ми се пари", а го снимила во прилепското студио "Точак" на кој продуцент му бил Дејан Момировски. Дејан Момировски го напишал и текстот на нејзиниот следен голем хит "Пу, пу машала" по враќањето од Австралија. Оваа песна го најавила и нејзиниот втор албум "Пу, пу машала" кој се состоел од осум песни. Набрзо започнала со настапи на фестивали, а првиот фестивал на којшто настапила бил "Гоце фест 2002", каде со групата "Болеро" од Струмица ја испеала песната "Еј, моја Македонијо". Таа година настапила и на "Цветници 2002" повторно со "Болеро" и ја отпеала песната "Сите солзи ќе ги пролеам". Следувало нејзиното самостојно излегување на "Валандово 2002" со песната "Свири чичек" на која комплетен автор бил Илчо Јованов и каде таа освоила награда за сценски настап. На тој сценски настап била придружувана од маестро Ферус Мустафов и дел од оркестарот "Агушеви". Со фестивалите се отвориле вратите за почести турнеи во странство, претежно во Швајцарија и Италија. Следната 2003, се претставила и на "Тетовски фолк фестивал" со песната "Живеам за тебе" која била многу добро прифатена и и донела учество на "Фолк хит на годината". Во 2003, настапила на првиот "Низа фестивал" во нејзиниот роден град Прилеп, со "Мелем песна" на авторката Радмила Митровиќ. Потоа заминала на турнеја низ Австралија заедно со Дејан Момировски. На таа турнеја ги започнала подготовките за нејзиниот трет албум. По враќањето во Македонија ја отпеала песната "Говорот на телото" чиј текстописец бил Ѓорѓи Калајџиев. На нејзиниот трет албум се нашле дури шеснаесет песни. За новогодишните празници настапувала во Америка. Следното лето настапила на "Охридски трубадури" со песната "Шах-мат". Песната "Жена огнена" изведена на "Роса 2004" била широко прифатена од публиката. На нејзиниот четврти албум како автор на две песни се јавува токму таа.

Фестивалски настапи

Цветници - Сите солзи ќе ги проголтам (2002) Фолк фест Низа - Мелем песна (2002) Роса фест - Жена огнена (2004) / Наркотику мој (2005) / Луда и перверзен (2006) / Почеток на крајот (2008) / Грешница (2010) / Адреса стара (2012) / Лоша копија (2013) / Прва во се’ (2017) / Најсилна (2020) Мел фест Прилеп - Погледни ме за крај (2017) Прилеп фест - Фолк универзум (2008) / Мојот Прилеп (2022) / Останав дама (2023) Румели Фест (Турција) - Yuksek Yuksek Tepelere (2017) Валандово - За тебе (2012) / Срце бакшиж ќе ти дадам (2014) Фолк фест Спасовден - Моме Стојне (со Марјан Коцев-2013) Елена Велевска настапи на претфестивалската вечер на Фолк Фест Валандово 2026 на градскиот плоштад заедно со неколку колеги.

Дискографија

Aлбуми (1999) Што ќе ми се пари - Што ќе ми се пари / Не си ти за мене / Болна сум душо... (2001) Пу, пу машала + Бонус албумот „Што ќе ми се пари“ - Навика / Бобане / Печалбарски маки / Настинка... (2003) Говорот на телото + Бонус албумот „Пу, пу машала“ - Говорот на телото / Вулкан / Мите / Ум и мускули... (2005) Жена огнена - Шах, мат / Среќен роденден / Родена за веселба / Куме заиграј/// (2006) Ѓердан за душата (Песни што не стареат) - 20 изворни и обнародени песни (2010) Воздух - Воздух / Хороскоп / Двете не' мами / Наркотику мој / Луда и Перверзен / Небо од ванила... (2010) Елена Велевска (Висок притисок) - Те шизнав / Ред бул / Висок притисок / Душа ми е полна... (2015) Ѓердан за душата 2 - цд/двд - со група Чардак во живо - 20 изворни и народни песни отпеани во живо (2026) Oсум аманети - проект со изворни и народни етно песни.

Компилации и видео проекти

Анета, Елена и група Молика - песни во живо (видео 2010-реиздание 2011)

Best Video Collection (2011) The best of Elena Velevska (аудио 2012) Гледај ме гледај, либе (видео 2014) Елена Велевска - Најдоброто (аудио 2014) Македонско срце (аудио 2017)

Спотови Видеоспот Година Режисер Пу пу машала 2001 Мите 2004 Среќен роденден 2004 Двете не мами 2006 Гурко Наркотику мој 2006 Александар Ристовски - Принц Невина 2006 Чедо Поповски Висок притисок 2010 Zati Video Production Воздух 2010 Дејан МилиќевиќТе шизнав 2010 EV ProductionДуша ми е полна2010Поделен живот2011EV Production Sexy bull 2011 EV Production Бел лебед 2012 IN Production Лицето на совеста 2012 EV productionНевеста2012EV ProductionЦрна свила 2013 IN Production Лоша копија 2014 IN Production Остани 2014 Fabrika Produkcija Црно и бело 2015 IN Production Погледни ме за крај 2017 Tомато Продукциja Ти си моја 2017 Људмил Иларионов - ЉусиУволнен си од живота ми 2017 Људмил Иларионов - ЉусиНедостапна за тебе 2017 IN ProductionЕдна е мајка2017IN ProductionВо срцето на Балканот 2018 Томе ТабановЗоро моја румена 2019 Људмил Иларионов - Љуси Говорот на телото 2020 Tомато Продукциja Овој живот убав е 2021 Александар Ристовски - Принц Еј жено 2026 Томато продукција TBA 2026

Спотови на народни (фолклорни) песни

Видеоспот Година РежисерКуме заиграј2004 Мајка има едно чедо IN production Ах, пусти пари 2013 IN production Жировница 2015 EV Production Мака ме натера 2016 IN ProductionГледај ме,гледај 2016 IN Production 2SМакедонијо, мајко страдалнице 2018 Даниел ЈовескиЕдно малој моме 2024 IN ProductionГолеми маки тегневме 2025

Надворешни врски Официјално мрежно место Весна Миленковска: "Пејачка со глас, а не со става ", Вест, 26 јуни 2002. Весна Миленковска: "Кога ги масирам, како да се мои ", Вест, 5 мај 2007. Весна Миленковска: "Елена Велевска на концерти во Швајцарија ", Вест, 1 март 2006. "Златни нозе! ", Свет (455), 9 март 2006. Податоци за изданија евидентирани од ВБУ Музички Регистар .

Наводи

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи Категорија:Живи луѓе