Аџина Река — река во Западна Македонија и лева притока на Радика.
Течение Реката извира во југозападниот дел на Шар Планина, на надморска височина од 2.000 м. Кон крајот на своето течение, реката е премостена со макадамскиот пат од селото Бродец до караулата Стрезимир, а неколку стотина метри јужно од мостот се влева во Радика од нејзината лева страна, на надморска височина од околу 1.270 м, на местото каде што од десната страна во Радика се влева и реката Штировица.
Хидрографија Вкупната должина на реката изнесува 8,0 км, додека на сите водотеци во нејзиниот речен слив 34,9 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 36,1 км2 и истото припаѓа на Јадранскиот речен слив. Во текот на летните месеци, речното корито на реката пресушува.
Галерија
Поврзано Шар Планина Радика Штировица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Шар Планина Категорија:Бродец (Гостиварско) Категорија:Географија на Гостивар