Вилија или Вилја () — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 110 жители

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 14 километри северозападно од градот Гребен. Атарот на селото зафаќа површина од 17 км2.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Вилија е христијанско грчко село во северниот дел на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Вилија има 130 Грци христијаниΣπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Главната селска црква „Свети Архангели“ датира од 1864 година.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Вилија станува дел на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е сменето во Оропедио.

Демографија Пописи Движењето на населениото по години е следното: 1913 - 399 жители 1920 - 388 жители 1928 - 409 жители

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Гребен

Категорија:Гребен (општина)