Мулуту-Сурлахт (исто и Мулуту Сурлахт) — четврто најголемо езеро во Естонија. Тоа се наоѓа на најголемиот естонски остров Сарема, околу два километри западно од градот Куресаре. Езерото зафаќа вкупна површина од 14.4 км2 и неговата максимална длабочина изнесува 2.1 метри. Преку единствениот истек, реката Насва (долга 3 километри), Мулуту-Сурлахт се поврзува со Ришкиот Залив во Балтичкото Море. Мулуту-Сурлахт е солена водена површина која се состои од два дела: Сурлахт (531 хектар, источен дел) Мулутски Залив (412,4 хектари, западен дел)
Во текот на вообичаените пролетни поплави (вообичаен пораст 0.75 метри, максимален 1.16 метри), езерото се спојува привремено со околните заливи Падла, Вегара и Калупеа и достигнува површина од 3600 хектари. На североисточниот дел на Сурлахт се наоѓа малиот остров Рахину кој зафаќа површина од околу 3 хектари. Поради поврзаноста со морските води, езерото е богато со многу видови на риби.
Наводи
Категорија:Езера во Естонија