Врдомици или Ердогмуш (), до 1927 г. Ертомус) Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ερτομούς -- Ποντοκώμη – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 1.116 жители.
Географија Селото се наоѓа во источното подножје на планината Црвена Гора (Вуринос).
Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Врдомици (Ердогмуш) е турско село во Кајларската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Ердомусли живееле 875 Турци.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Врдомици станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Врдомици има 977 жители. Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 299 семејства и 1.093 жители бегалци.
Во 1927 година името на селото е променето во Пондокоми, што во превод значи Понтиско Село.
Наводи
Категорија:Кожани