Весна Петрушевска е родена на 10 мај во 1970 година во Скопје. Позната и под нејзиниот прекар „Бејби“ — македонска глумица и водителка на нејзиното зборовно шоу „Вртелешка“ кое достигнало голема популарност и било емитувано повеќе години на македонска телевизија.

Животопис

Петрушевска ја започнала својата глумечка кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“. Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe било емитувано неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“. Таа исто така глумела во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов, која ја имала својата премиера на 27 март 2016 година, во Македонскиот народен театар. Таа гостyвала на ток-шоуто „Еден на Еден“ на Жарко Димитриоски на 19 март 2016 година.http://edennaeden.mk/vesna-bejbi-ni-doaga-vo-eden-na-eden/https://www.youtube.com/watch?time_continue=109&v=dn8I01kqhtw

Филмографија Година Филм Улога 1993 Крик на немиот индијанец ТВ-филм 1995 Ангели на отпад ТВ-филм Оли 1998 Салон Хармони ТВ-серија Мимоза 1998 Денес, утре ТВ-филм Сања 2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Сиси 2002 Наше маало ТВ-серија Мира 2005 Контакт ТВ-филм Вики 2010 Од денес за утре ТВ-серија 2014 До балчак ТВ-филм Дама 2 2018 Преспав ТВ-серија 2019-2022 Дајте музика ТВ-серија Професорка 2022 Тале и Корона ТВ-филм Самовилата Корона 2023 Домаќинство за почетници ТВ-филм Сандра

Глумечка кариера

Петрушевска глумела во голем број македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се пла­ши од Вир­џи­ни­ја Вулф?“, „Ва­ги­нал­ни мо­но­ло­зи“ и нејзината најпозната претстава: „Гос­по­ѓа Ми­ни­стер­ка“, која е изведена над 150 пати. Исто така, глумела во филмот Контакт, македонскиот кандидат за најдобар странски-филм на Оскарите во 2007 година.http://www.imdb.com/name/nm1371711/?ref_=tt_cl_t4http://macedoniadaily.blogspot.it/2006/10/contact-in-palm-springs.html

Писателска кариера

Во ноември 2016 година била издадена првата книга на Весна Петрушевска, автобиографската книга „Трофеј“, од страна на издавачкиот центар „Три“. Промоцијата на книгата била одржана на 9 ноември 2016 во хотелот „Парк резиденс“ во Скопје.

Издавачкиот центар Три ја опишал книгата како: „неверојатно искрена и трогателна исповед преку која Весна ќе ја запознаеме во различни аспекти на нејзината личност од минатото и сегашноста: како машкуданесто девојче, како глумица по вокација, која никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап-комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка... Но, пред сè, како човек со големо срце“.http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=5c3944ba-61db-41be-8b7f-1bfee30ab962

Личен живот

Таа има две деца. Син Кирил, и ќерка, Мина. Таа исто така има 4 миленичиња.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски глумици Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски водители Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар