Забрдени (, Мелантио; до 1927 година Ζαμπύρδενη, ЗабирдениΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζαμπύρδενη -- Μελάνθιον) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција Населението брои 72 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа на околу 16 километри југозападно од општинскиот центар Рупишта (Аргос Орестико) и на 8 километри југоисточно од Нестрам (Несторио). Во селото се наоѓа забрденскиот манастир „Свети Ѓорѓи“.

Историја За време на Османлиското Царство Селото се споменува во османски дефтер од 1530 година под името Забердани со 63 христијански семејства и едно муслиманскоHarun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 116. Кон крајот на XIX век Забрдени е исламизирано село во северниот крај на Костурската Каза на Османлиското Царство, потурчено најверојатно за време на Али-паша Јанински.Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје, 1998. Во статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Забрдени е забелажано како село со 300 жители Македонци муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Забарден се води како чисто „турско“ село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 60 куќи. Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“. Според грчката статистика од 1905 година во Забрдени живееле 500 Турци.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Забрдени станува дел на Кралството Грција.

Во 1924 година муслиманските жители се иселуваат во Турција, а на нивно место се населиле бегалци, Грци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 72 семејства и 309 жители бегалци.

Во 1927 година името на селото е променето во Мелантион Демографија Пописи Движењето на населениото по години е следното: 1913 - 579 жители 1920 - 592 жители 1928 - 320 жители

Стопанство Населението во селото произведува главно жито, тутун, костени и друго овошје.

Наводи

Категорија:Рупишта