Свети Јован Златоуст (347 — 407) — христијански светец, цариградски патријарх и црковен отец.

Животопис Роден е во Антиохија, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја старогрчката филозофија, изразил голема одбивност кон грчкиот паганство и ја усвоил христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Бил покрстен од Антиохискиот патријарх Мелетиј, а потоа се покрстиле и неговите родители. По смртта на родителите се замонашил и почнал строго да се подвизува. Тогаш ја напишал книгата „За свештенството“

Прославен е заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, и бил избран по желба на царот Аркадиј за Цариградски патријарх. Со црквата управувал шест години, кои според патристиката, се одликувале со неспоредлива мудрост и ревност. Испратил незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотрел симонијата во црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја раширил милосрднатата дејност на црквата; напишал посебен чин на Светата Литургија (наречена Златоустова литургија) против кривоверците

Ја изобличил царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкувал со својот „златен ум и јазик“, на црквата ѝ оставил многу драгоцени книги со неговите беседи.

Прогонство лево|мини|Прогонството на Св. Јован Златоуст. Илуминација од Менологијот на Василиј II од 11 век. Народот го прославил, а имал и противници, па царицата двапати го испратила во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавиле апостолите Јован и Петар, а и маченикот Василиј (под 22 мај), во чијашто црква ја примил Светата Причест.

Се смета дека неговите последни зборови биле „Слава Му на Бога за сѐ!“. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан.

Поврзано Златоустова литургија

Наводи

Надворешни врски

Свети Јован Златоуст — МПЦ За Св. Јован Златоуст — Бигорски манастир Слово за Свети Јован Златоуст — Повардарска епархија

Категорија:Црковни отци Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Христијански теолози Категорија:Сириски светци Категорија:Римокатолички светци од Сирија Категорија:Православни светци Категорија:Римокатолички светци од Анадолија Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Римокатолички светци од Грција Категорија:Грчки светци Категорија:Источнокатолички светци Категорија:Римокатолички светци Категорија:Луѓе од Антиохија Категорија:Архиепископи од 5 век Категорија:Ранохристијански контроверзии Категорија:Христијански светци од 5 век Категорија:Византијци од 4 век Категорија:Византијци од 5 век Категорија:Англикански светци Категорија:Сириски христијани Категорија:Христијански мистици Категорија:Патристика Категорија:Црковни учители Категорија:Цариградски архиепископи Категорија:Византиски теолози Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Починати во 407 година