200px|мини|Рибејро Коуто Рибејро Коуто (португалски: Ribeiro Couto) (12 март 1898, Сантос, Бразил - 30 мај 1963, Париз, Франција) - бразилски писател и дипломат.

Животопис Во 1928 година, Коуто влегол во дипломатијата, а како амбасадор служел во повеќе земји: Франција (во Париз и во Марсеј), Холандија, Португалија и Југославија. По петнаесетгодишен престој во Југославија, тој се пензионирал на возраст од 65 години, но на пат за Бразил, умрел во Париз, од срцев удар.Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 286.

Творештво Уште со своите први поетски и прозни дела, Коуто внел новост и свежина во бразилската книжевност. Во песните и во расказите тој обработува обични теми од секојдневието. Неговите први поетски книги, „Градината на тајните“ (1921) и „Мали поеми на нежноста и меланхолијата“ (1924) претставуваат најубавите бразилски документи од таа епоха, во кои се опеани теми од улиците и патиштата: за девојчето на малата станица, за дождот на стариот плоштад, за децата што одат со мајките на гробишта итн. Во 1922 година ја објавил првата збирка раскази, „Куќата на сивиот мачор“, а веќе во 1928 година ја добил наградата на Бразилската академија за книжевност, за книгата „Бајанката и други жени“. Неговите дела се преведени на француски, италијански, унгарски и шведски јазик.

Наводи

Категорија:Бразилски писатели