Ахил Тунтев (1939-2020) — македонски дипломат, новинар и советник на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.

Животопис

Рани години Роден во Охрид 1939 година каде што го оформил основното и средно образование. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил главен и одговорен уредник на весникот на скопските студенти „Студентски збор“, а од 1968 до 1974 година бил главен и одговорен уредник на информативно-политичката програма на Телевизија Скопје и автор на повеќе телевизиски емисии.

Општествено-политички активности Бил избиран на најодговорни функции во општествено-политичките организациии на Универзитетот (претседател на Сојузот на студентите на Универзитетот во Скопје, секретар на Универзитетскиот комитет на СКМ), на републичко ниво (претседател на ЦК на Социјалистичката младина на Македонија, член на Извршниот комитет на ЦК-СКМ) и на сојузно ниво (член на Претседателството на Сојузот на студентите на Југославија и на Претседателството на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија).

Дипломатска активност Од 1974 година се занимава со дипломатска работа во Републичкиот секретаријат за односи со странство, каде што заземал раководни функции и учествувал во бројни меѓународни активности. Од 1984 до 1988 година бил ополномоштен министер-советник во Амбасадата на СФРЈ во Софија, а потоа работел во Белград како советник на Сојузниот секретар за надворешни работи.

Во ноември 1989 г. се враќа во Скопје на функција советник за надворешно-политички прашања на Претседателството на СР Македонија. Оваа функција продолжува да ја врши и во Кабинетот на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, за целото време на неговите два претседателски мандата (1991-2000). Учествувал, во состав на државни делегации или на експертско ниво, на бројни меѓународни конференции и средби во земјата и во странство, а извршувал и повеќе дипломатски мисии. Во „Утрински весник“ објавил сеќавања од приемот на Македонија во Обединетите нации во април 1993 година. Ахил Тунтев: „Како Македонија стана членка на Обединетите нации“ (прв дел), Утрински Весник, 05.04.2013 Ахил Тунтев: „Како Македонија стана членка на Обединетите нации“ (втор дел), Утрински Весник, 07.04.2013 Ахил Тунтев: „Како Македонија стана членка на Обединетите нации“ (трет дел), Утрински Весник, 08.04.2013

Пензиониран во април 2000 година на функција Амбасадор, советник на Претседателот на Републиката. Починал на 9 ноември 2020 година во Скопје.

Публикации Во 2005 ја објавува книгата „Република Македонија: прва декада, 1990-1999“ во издание на МИ-АНАхил Тунтев: Република Македонија : прва декада (1990-1999). Скопје: Ми-Ан, 2005 Вест на „Утрински весник“ околу промоцијата на „Република Македонија: прва декада“ од Ахил Тунтев.

Соработувал на текстот и документацијата на книгата на Киро Глигоров „Македонија е сè што имаме“ (2001)Киро Глигоров: Македонија е сѐ што имаме. Скопје: Три, 2001 и на Дипломатскиот летопис (издание на Дипломатскиот клуб - Скопје ).

Наводи

Категорија:Родени во 1939 година Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Македонски дипломати Категорија:Луѓе од Охрид