Свети Марко Крижевчанин (, – , ) – канонизиран хрватски светец на Римокатоличката црква, свештеник, кошички маченик, професор по теологија, каноник и мисионер.
Животопис Неговото полно име било Марко Стјепан Кризин. Се родил во Крижевци, во загрепската бискупија. Најпрво студирал во језуитскиот колеџ во Грац, а подоцна и на универзитетот во Грац каде станал доктор по филозофија.
Како кандидат на загрепската бискупија бил примен во прочуениот римски колеџ Germanicum et Hungaricum, каде со своја рака запишал дека е Хрват , што се сочувало до денешен ден во архивот на заводот. Во Рим останал од 1611 до 1615 година.
Откако станал свештеник се вратил во родната бискупија каде останал кратко време. Кардиналот Петар Пазмањ го повикал во Унгарија, го поставил управник на црковното училиште во Трнава и острогонски каноник. Подоцна му го доверил и управувањето на бенедиктанската опатија Сеплак кај Кошице.
Во тоа време Кошице било тврдина на унгарскиот калвинизам. За да ја зајакне положбата на малобројните католици, градскиот управител во Кошице повикал двајца исусовци: Стјепан Понграц и Мелхиор Гродецки. Нивната плодоносна работа ја зајакнала свеста на католиците, но предизвикала без на калвинистите. Биле лажно обвинети дека предизвикале пожар и затворени. Во тоа време со нив се наоѓал и свети Марко кој исто така бил затворен. Свирепо ги мачеле и погубиле.
Канонизација на тројцата кошички маченици се случила на 2 јули 1995 година во Кошице, Словачка.Diocese of Bielsko-Żywiecka
Празникот на св. Марко Крижевчанин е на 7 септември.
Наводи
Надворешни врски Križevci.eu: Sv. Marko Križevčanin
Категорија:Хрватски светци Категорија:Хрватски теолози Категорија:Бенедиктинци Категорија:Христијански мисионери Категорија:Христијански светци од 17 век Категорија:Погубени со обезглавување