Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во козјачкото село Жегљане. Црквата е сместена во главниот дел на раштрканото село Жегљане, во непосредна близина на старото основно училиште. Во нејзиниот двор се наоѓаат и самите селски гробишта.
Црквата, заедно со нејзината внатрешноста, е во многу лоша состојба.
Историја
Според авторот Јован Трифуноски, црквата била започната во 1867 година. Поради средишната положба на селото Жегљане, во отоманскиот период, црквата била посетувана од жителите на околните села.
Сепак, според историчарот на уметност Милева Лазова, црквата е изградена во текот на век и се смета за поствизантиска градба, која поседува исклучителна богата украсна градба.
Фрески
Двокатниот иконостас во црквата е од 1874 година и е дело на двајца зографи. Четири од престолните икони — на Св. Ѓорѓи Победоносец, Богородица со Христос, Исус Христос и Св. Јован Претеча се дело на зографот Никола Михајлов. Останатите икони во иконостасот — јужната и северната врата, царските двери, 12. икони на апостоли и средишната икона на Возкресението Христово, на која што е потпишан авторот, се дело на зографот Вено Костов од Лазарополе во 1877 година.
Фреските и внатрешноста
Галерија
Украси на фасадата
Надворешноста на црквата
Поврзано Кумановско-осоговска епархија Жегљане
Наводи
Надворешни врски
Жегљане Категорија:Жегљане