Јулија Самојлова (; родена на ) — руска пејачка и композиторка. Во 2017 ѝ бил забранет влез во Украина на три години бидејќи го прекршила украинскиот закон со тоа што нелегално влегла на Крим во 2015, област која била анектирана од Русија во 2014. Поради изречената забрана Русија го откажала настапот на Евровизија 2017, каде требало да ја претставува Самојлова.Ukraine bans Russia's entrant to Eurovision song contest The Telegraph (22 March 2017)

Ран живот Јулија е родена на 7 април 1989 во Ухта, Коми, која тогаш била дел од СССР. Како дете почнала да губи контрола врз нозете поради ′рбетна мускулна атрофија и уште од детството почнала да користи количка за движење.Eurovision in Ukraine: Controversy over Russian entry, BBC News (13 March 2017) Таа вели дека болеста може да настанала од неефикасна вакцина против детска парализа, но лекарите ги негирале нејзините тврдења. Самојлова ја започнала музичката кариера како пејачка во ресторани од нејзиниот роден крај кои ги посетувале нафтените работници. Во 2008 ја основала групата Теранова која изведувала алтернативна музика. Таа студирала психологија до 2010, која си заминала без да дипломира.

Музичка кариера Во 2013 Самојлова завршила како второпласирана во третата сезона на музичко натпреварување Фактор А, руската верзија на Х Фактор. Следната година настапила на церемонијата за отворање на зимските параолимписки игри во Сочи.

На 12 март 2017 Самојлова била избрана да ја претставува Русија на Евровизија 2017 која се одржала во главниот украински град Киев со песната „Flame is Burning“. На 13 март украинската служба за безбедност објавила дека на Самојлова може да ѝ биде забранет влез во Украина поради нејзината посета на Крим во 2015, територија која била припоена кон Русија.Ukraine investigates Russia's newly chosen Eurovision candidate , Deutsche Welle (13 March 2017) Според украинскиот закон, влегување во Крим преку руска граница било недозволено. Самојлова потврдила дека пеела во Крим во 2015.Russia strikes provocative note for Eurovision in Ukraine, The Guardian (13 March 2017) На 22 март службите за безбедност од Украина ѝ издале тригодишна забрана за влез во Украина поради прекршување на законот во 2015.

Рускиот радиодифузен сервис на 13 април објавил дека го откажува настапот во Киев, што значело дека Самојлова нема да учествува на Евровизија 2017. Претходно било објавено дека ако Самојлова не настапи во 2017, таа повторно ќе добие шанса да ја претставува Русија во 2018.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски поп-пејачи Категорија:Учесници на Евровизија