Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во струмичкото село Робово, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја
Била изградена во 1864 година.
Црквата започнала да се гради во 1862 година, по иницијативата на Мицо Караџа кога започнал со собирање на средства за изградба на селската црква. По две години, во 1864 година црквата била завршена.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 316. Во ноември 1862 година селаните од Робово, на чело со Мицо Караџа и Арсениј Костенцев го протерале од Робово владиката Јеротеј Струмички.Костенцев, Арсени. Спомени. София, Издателство на Отечествения фронт, 1984. с. 24 - 25. Посетен на 2016-12-02. Во 1867 година во селото дошол „папа Михаил папа Николов от Берово". По него, во Робово служувал попот Јане Темелкович, а уште подоцна попот Глигор, двајцата од Радовиш.
Во црквата постои споменик за Мицо Караџа, кој важи за основач на првото училиште на македонски народен јазик во Струмичко.
Архитектура
Храмот има облик на трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен таван на три кораби. Црквата поседувала отворен трем на западната и северната страна во облик на буквата „Г“, кое е невообичаено решение, но многу често присутно во Струмичко. Сепак, во поново време е подигнат затворен трем во облик на буквата „П“. Поседува кула-камбанарија присоединета на западната фасада на црквата.
Градбата на црквата е во добра состојба, но има присуство на влага во во аглите на галеријата. Истата добила нов покрив во 1990-тите, во 2010 година биле затворени тремовите, а во 2015 година била внатрешно малтерисана.
Фрескоживопис
Црквата е живописана во 1865/66 година. Централниот кораб во горните партии над капителите од колоните е живописан со сцени од животот на Исус Христос. Состојбата на живописот е лоша и е потребна конзервација и реставрација.
Икони и иконостас
Црквата поседува иконостас.
Галерија
Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Робово (Струмичко)
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Робово Категорија:Дела на Мелничкото ликовно средиште Категорија:Појавено во 1864 година