Свети Атанасиј — главна селска црква во струмичкото село Босилово, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, веднаш зад задружниот дом.

Историја

Била изградена во 1842 година и е една од најстарите во регионот. Годината на подигањето на црквата е обележана на четвртиот столб од исток, на јужната колона, каде стои: „Св. Атанасиј 1843 год.

Во црквата отпрвин се служело на грчки јазик, но откако учителот А. Костенцев со група ученици, на Спасовден во 1869 година учествувал во службата на словенски јазик, мнозинството од селаните веќе не сакале да чујат за грчки јазик во црквата. По овој случај овде доаѓале селани и од околните села за да слушнат зборови што ги разбирале.Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 159.

Архитектура

Храмот има облик на трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен таван на три кораби, при што централниот кораб има т.н. „манастирски свод“.

Градбата на црквата е во добра состојба, но има присуство на влага во горните партии на црквата, како и капиларна влага кај јужните столбови висока до два метри, кои резултираат во лупење на малтерот. Во 2015 година биле затворени тремовите и црквата добила нов покрив, а бил изведен и дренажен канал.

Фрескоживопис

Во црквата има работено зографот Андон Петров Ангелков во 1856 година.

Галерија

Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Босилово

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Свети Атанасиј во Македонија Категорија:Дела на Дебарската школа