Јован Цвииќ (; Лозница, – , ) – српски научник, основач на Српското географско друштво, претседател на Српската академија на науките и уметностите, професор и ректор на Белградскиот универзитет, почесен доктор на Универзитетот Сорбона и на Карловиот универзитет во Прага. Подеднакво се занимавал со општествана и физичка географија, геоморфологија, етнографија, геологија, антропологија и историја. Се смета за основоположник на српската географија.
Животопис мини|Цвииќ како млад Јован Цвииќ е роден на 11 октомври (29 септември по јулијанскиот календар во 1865 година во Лозница во семејството Цвииќ, гранката Спасојевиќ. Татко му се викал Тодор Цвииќ. По потекло бил Херцеговец, односно Црногорец од областа Стара Херцеговина, од племето Пива и се занимавал со трговија. Неговиот татко, односно дедо му на Јован, бил Живко Цвииќ, претседател на лозничкото собрание и познат мачвански обреновиќевец. Пошто бил на страната на т.н. „катани“ во време на Катанската буна противници на уставобранителите во 1844 година, казнет е со камшикување после успешната акција на Тома Вучиќ Перишиќ, после што умрел уште млад. Неговиот татко, прадедо му на Јован, Цвијо Спасојевиќ, бил родоначалник на Цвииќеви. Цвијо бил познат ајдучки арамбаша во тој дел на Стара Херцеговина. Цвијо се борел против Османлиите за време на Првото српско востание, а после неговото задушување, во 1813 година, се преселил во Лозница, каде крај црквата изградил куќа од херцеговски тип на два ката и отворил дуќан, почнувајќи трговска кариера на новооснованото семејство.
Татко му на Јован, Тодор (умрел во 1900 година), во почетокот и самиот се занимавал со трговија, но бидејќи тоа не му одело од рака, се вработил во општината како писар. Мајка му на Јован Марија (родена Аврамовиќ), била од угледно семејство од Коренита, село во областа Јадар, кое се наоѓало недалеку од манастирот Троноша и Тршиќ, родното село на Вук Караџиќ. Освен Јован, Тодор и Марија го имале синот Живко и три ќерки, Милева, омажена за Владимир, сарач, Нада, омажена за Драгутин Бабиќ окружен благајник, подоцна началник на министерството за финансии, и Сока.Милорад Зебић: Моје родно место, детињство и ђаковање - сећања, Лозница 1996. године,
Цвииќ често говорел дека во детството на неговото духовно образование најмногу влијаела мајка му и воопшто мајчиното семејство, мирно, сталожено и домаќинско, додека за татко му и татковото семејство пишувал со доста помалку емоции. Сепак, Цвииќ во својот научно-истражувачки труд за народната психологија има пофални зборови за динарскиот етнички тип и карактер, на кој му припаѓал и неговиот татко.
Образование мини|250п|десно|Плоча на зградата во која живеел Јован Цвииќ, Белград
По основното училиште кое го завршил во Лозница, завршил нижа гимназија во Лозница (првите две години) и Шабац (трета и четврта година), а потоа се запишал во Првата белградска гимназија, во генерацијата со Милорад Митровиќ, Михаило Петровиќ-Алас и други великани, за што е напишан роман и снимен ТВ-филмот „Шеширот на професорот Коста Вујиќ“. мини|250п|лево|Куќата во која живеел Јован Цвииќ
Во 1884 година, по завршувањето на гимназија, сакал да студира медицина, меѓутоа лозничката општина не била во можност да го стипендира неговото школување во странство. Тогаш Владимир Кариќ, неговиот професор од шабачката гимназија, му предложил да се запише на студии по географија на Големата школа во Белград. Цвииќ го послушал и истата година се запишал на Природно-математичкиот отсек на Големата школа во Белград. Овие студии ги завршил во 1888 година. мини|десно|250п|Споменик во дворот на куќата во која живеел Јован Цвииќ
Во текот на своето школување Цвииќ особено се посветил на читањето книги. Во гимназија учел англиски, германски и француски јазик кои во текот на студиите многу му користеле со оглед дека не постоела соодветна научна содржина на српски јазик. Подоцна на овие странски јазици пишувал научни и други трудови.
Во учебната 1888/89 година работел како професор по географија во Втората белградска гимназија. Во 1889 година се запишал на студии по физичка географија и геологија на Универзитетот во Виена како државен питомец. Во тоа време на овој универзитет предавањата по геоморфологија ги држел прочуениот научник д-р Албрехт Пенк, по геотектоника ги држел професорот Едвард Зис (тогашен претседател на Австриската академија на науки), а по климатологија јулиус фон Хан.
Цвииќ докторирал во 1893 година на Универзитетот во Виена. Неговата докторска теза „Das Karstphänomen“, го претставила на широката јавност и го направила познат во светските научни кругови. Овој труд подоцна е преведен на повеќе јазици (во Србија како „Карст“ во 1895 година), а благодарение нему, Цвииќ се смета за основоположник на карстологијата. Британскиот научник Арчибалд Гики напишал дека ова претставува „знаменосно дело“ на науката.
Истражувачка работа Јован Цвииќ своите први и најзначајни теренски истражување ги спровел на почетокот на кариерата, работејќи на терен на карстните предели на источна Србија. Посматрајќи го карстот на Кучај и Преконошката пештера, дошол до идеја за својата докторска дисертација која ја одбранил во Виена во 1892 година, а свечено бил промовиран на 22 јануари 1893 година.
Покрај тоа, Цвииќ се занимавал со геологија (геоморфологија, геотектоника, палеогеографија и неотектоника). Неговата монографија за карстот предизвикала многу позитивни реакции во европските научни кругови, а пристапната академска беседа за структурата и поделбата на планините на Балканскиот Полуостров на основа на геолошко-тектонската градба го прославила како прв јужнословенски геотектоничар. Пред Цвииќ, со карстот на Србија се занимавале и други истражувачи, но во значително помал обем и по правило не со карстот како основна тема. Тоа биле: Ото фон Пирх – 1830, Ами Буе – 1840 и Феликс Филип Каниц, Милан Милиќевиќ, Јован Жујовиќ, Владимир Кариќ. Записите од нивните истражувања биле пред сè со дексриптивен карактер и со општи заклучоци.
Уште едно значајно поместување во науката Цвииќ направил додека ја посматрал околината на Миџор, врвот на Стара Планина и планината Рила (Бугарија), каде препознал траги на глацијација во вид на 102 горски очи, планински езера. Дотогаш се сметало дека овој регион не бил зафатен со глацијација, па ова откритие на Цвииќ направило пресвртница во изучувањето на глацијацијата во однос на распространетоста.Prof. Cvijić on the Structure of the Balkan Peninsula - Dr. Karl Peucker, The Geographical Journal Vol. 19, No. 6 (1902): pp 735–742
Благодарение на своите истражувања Цвииќ уште еднаш направил исчекор во светската наука и тоа со својот антропогеографски преглед во делото „Балканскиот Полуостров 1918“, 1922 - I, 1931 – II септември 104/search?q=cache:HD7ZifYDC-wJ:web.f.bg.ac.yu/download/79Longdur.doc+web.f.bg.ac.yu/download/79Longdur.doc&hl=es&ct=clnk&cd=1&gl=es&client=firefox-a Prof. dr Aleksandar Palavestra Long-term History in Archeology and Balkanology на основа на своите проучувања на „балканските психолошки типови“.
Двотомната „Геоморфологија“ на Јован Цвииќ која дава геоморфолошки приказ на теренот на Балканскиот Полуостров ни денес не изгубила на актуелност и претставува извонредна појдовна основа во современите истражувања.
Научни трудови мини|десно|400п|Етнографска карта на Балканскиот Полуостров од 1918 година, на чија еден од авторите е и Цвииќ
Цвииќ со наука почнал да се занимава уште како студент на Големата школа и тогаш е создаден неговиот труд Прилог на нашата географска терминологија, а продолжил како средношколски професор и виенски студент проучувајќи ги карстните појави во источна Србија, Истра и Јадранското Приморје. Врз основа на тие проучувања, напишал повеќе трудови како и својата докторска дисертација. Целиот живот му го посветил на проучувањето на Србија и Балканскиот Полуостров патувајќи скоро секоја година по Балканот.
Први негови објавени трудови се: 1889 – „Кон познавањето на карстот во Источна Србија“ (Ка познавању крша Источне Србије); 1891 – „Преконошката пештера“ (Преконошка пећина); 1893 – „Географски испитувања на областа Кучај“ (Географска испитивања области Кучаја); 1893 – „Пештерите и подземната хидрографија во Источна Србија“ (Пећине и подземна хидрографија у Источној Србији); 1895 - „Карст, географска монографија“; 1896 – „Извори, тресетишта и водопади во Источна Србија“ (Извори, тресаве и водопади у Источној Србији).
Сите овие дела како предмет ја имале проблематиката во Источна Србија. мини|десно|200п|Гробот на Јован Цвииќ и неговата жена Љубица во Белград Како зрел и искусен научник ги напишал: 1922 – „Ѓердапските тераси“ (Ђердапске терасе); 1925 – „Карстот и човекот“ (Карст и човек); 1925 – „Карстот и српските народни приказни“ (Карст и српске народне приповетке).
Во текот на својот живот, односно за преку триесет години интензивна научна работа, објавил неколку стотини научни трудови. Едно од најважните дела е „Балканскиот Полуостров“.
Умрел во својата 62 година, на 16 јануари 1927 година во Белград, а погребан е на Новите гробишта во Белград. Својот имот му го завештал на Српското географско друштво.
Редовен професор десно|мини|250п|Првите осум редовни професори на Белградскиот универзитет, 1905 година: Седат одлево Јован Жујовиќ, Сима Лозаниќ, Јован Цвииќ, Михаило Петровиќ-Алас; стојат одлево Андра Стевановиќ, Драгољуб Павловиќ, Милиќ Радовановиќ и Љубомир Јовановиќ По враќањето од Виена во март 1893 година, станал редовен професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. Во почетокот предавал физичка географија и етнографија, а потоа само географија.
Патувајќи како студент, и подоцна како професор, по скоро сите краишта на Балканскиот Полуостров, рано го развил својот интерес за народниот начин на живот и култура. Заради тоа на отсекот за географија организира проучување на антропогеографија и етнографија како споредни предмети.
По укинувањето на Големата школа, а од основањето на Универзитетот во Белград на 12 октомври 1905 година, Јован Цвииќ станал еден од првите осум редовни професори на универзитетот. Рамноправно покрај Цвииќ се нашле: Јован Жујовиќ, Сима Лозаниќ, Михаило Петровиќ-Алас, Андра Стевановиќ, Драгољуб Павловиќ, Милиќ Радовановиќ и Љубомир Јовановиќ. Овие осум професори потоа бирале други колеги во звањето редовни професори.
Цвииќ одиграл важна и активна улога во реформите на школството помагајќи во основањето на посебни катедри за етнологија на која прв предавач бил неговиот најстар ученик и соработник Јован Ердељановиќ, а потоа и Тихомир Ѓорѓевиќ, додека Цвииќ останал носител на наставата на географија. Пресудно делувал на отворањето на пет нови факултети: медицинскиот, земјоделскиот и богословскиот во Белград, филозофскиот во Скопје и правниот во Суботица.
Освртот на Цвииќ на школството во Србија Цвииќ сметал дека тогашното школство, т.е. гимназиското образование треба да трае седум, а не осум години. Сметал дека момчињата треба што порано да се вклучат во животот и самостојно да работат.
Објавил пет детални упатства за „теренски истражувања“ на населението и населбите за да ги поттикне и насочи соработниците во нивната научна работа.
Цвииќ објавил бројни информации за наставата и науката во статијата „За научната работа и нашиот универзитет“, објавена во 1907 година.
Антропогеографска школа мини|десно|200п|Српски опинци – составен дел на српската народна носија Јован Цвииќ се смета за основач и иницијатор на антропогеографско-етнолошката школа во Србија, која претставува појдовна основа на најголем дел на истражувачки работи во јужнословенските општествени науки во XX век.
Во своите антропогеографски истражување Цвииќ ги изучувал миграциите, селските и градските населби, типовите куќи, материјалната култура на населението во зоните под различни влијанија на цивилизациите, психолошките типови, народната носија и покуќнината.