Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Иловица; скратено: ООУ „Св. Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во струмичкото село Иловица, Општина Босилово.
Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Местоположба
Училиштето се наоѓа на средина помеѓу селата Иловица и Штука.
Историја
Денешната училишна зграда била изградена во 1988 година. Истата е приклучена на водоводна мрежа и има сопствено парно греење.
Настава
Наставата се изведува на турски и на македонски наставен јазик во 19 паралелки, од кои една комбинирана.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Радово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Секирник, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Турново, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Босилово Категорија:Иловица Иловица Категорија:Основни училишта во Македонија