Црквата „Свети четириесет маченици () – средновековна бугарска црква која се наоѓа во подножјето на тврдината Царевец во Велико Трново, Бугарија. Храмот е споменик на културата од исклучително значење за бугарската историја.
Историја Се смета дека на ова место се наоѓала црквата „Раѓање на пресвета Богородица“ подигната во IX век. За време на владеењето на царот Јован Асен II црквата е обновена и посветена на Светите четириесет маченици севастиски во чест на големата победа во Битката кај Клокотница на 9 март 1230 година (ден на Светите четириесет маченици севастиски), над солунскиот цар Теодор Анѓел. Откога починал во Трново, во црквата е погреба свети Сава, кој подоцна е пренесен во манастирот Милешево, а денес на местото на неговиот гроб се наоѓа спомен-плоча. Во XIII – XIV век црквата „Свети четириесет маченици“ станала една од најубавите цркви на манастирот „Велика лавра“.
Во црквата „Свети четириесет маченици“ се наоѓаат Омуртагов натпис, Асенов натпис и царински натпис од тврдината Родосто, за време на владеењето на канот Крум.
Во оваа црква погребани се следниве бугарски цареви: Калојан Јован Асен II Михајло III Шишман Цариците: Ана Марија Унгарска, и Ирина Комнина На 22 септември 1908 година во оваа црква кнезот Фердинанд I ја прогласува независноста на Бугарија.
Галерија
Надворешни врски
Званична страница цркве „Светих Четрдесет мученика“
Категорија:Цркви во Бугарија Категорија:Цркви на Бугарската православна црква Категорија:Споменици на културата во Бугарија