Насадени камења () (до 29 јуни 1942 година Дикилиташ) - камени формации во Варненската Област во Бугарија.

Местоположба Насадените камења се наоѓаат на 18 km од Варна, од двете страни на патот Варна – Софија околу селата Сленчево, Баново и Страшимирово и градот Девња. Распределени се во големи и мали групи на површина од 7 км2.

Опис Претставуваат камени столбови со различна височина – од 5 до 7 m, дебелина – од 0,3 до 3 m. Изгледаат како насадени во песокот и оттаму им доаѓа името. Столбовите се без цврсти основи, шупливи и пополнети со песок. Некои од нив се наоѓаат на катови со вкупна висина од 5 m.

Потекло За нивното потекло има многу хипотези, кои може да се поделат главно во две групи – за нивно органско и за нивно неорганско потекло. Првaта е поврзана со коралните организми. Според втората нивното потекло се објаснува со атмосферското влијание на карпите, односно нивната ерозија, или образувањето на песочно-варовни наслаги. За да бидат заштитени, во 1937 година се прогласени за природна знаменитост. Месноста во која се наоѓаат Насадените камења, е единствена природно формирана пустина во Источна Европа и една од двете природно формирани пустини во Европа. Втората е пустината „Табернас“ во Шпанија.

Галерија

Надворешни врски

Побити камъни – Любомир Димитров Побити камъни – Снимки и информация По време на Кримската война полк. Хамилтън преоткрива за света Побитите камъни, в „Морски вестник“ Виктор Тепляков открива за света Побитите камъни, в „Морски вестник“

Категорија:Бугарија Категорија:Географија на Бугарија Категорија:Заштитени месности во Бугарија