Софија Налковска (полски: Zofia Nałkowska), Варшава – , Варшава) била полска писателка, драматург и есеист. Била член на извршниот одбор на Полската академија на книжевноста (1933–1939).
Животопис Софија Налковска е родена во семејство на интелектуалци, кои биле псоветени на социјалната правда. Студирала на тајниот Летечки Универзитет. По независноста на Полска, таа станала една од најистакнатите писателки феминисти. Пишувала романи, новели и драми со психолошка содржина.
Првиот книжевен успех на Налковска била книгата со наслов „Романсата на Тереза Хенерт“, издадена во 1923 година. Најпозната е по книгите „Граница“ (1935), „Врските на животот“ (1948) и „Медалјони“ (1947).
Налковска често пишувала за тешки и контроверзни теми.
Починала во Варшава, на 17 декември 1954 година.
Наводи
Надворешни врски Делата на Софија Налковска на проектот „Гутенберг“
Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Починати во 1954 година Категорија:Феминистки Категорија:Полски писатели Категорија:Луѓе од Варшава