Сериње Моду Кара Мбоџи (роден 11 ноември 1989 година) — сенегалски фудбалер, играч од одбрната на Ал-Саилија и на сенегалската репрезентација.

Клупска кариера Мбоџи се приклучил на академијата Диамбарс сместена во Дакар, Сенегал на возраст од 15 години. На 2 февруари 2010, тој потпишал за норвешкиот клуб Тромсо. За време на неговите три сезони поминати во Норвешката Премиер лига, тој бил награден за најдобар играч на клубот и двапати за втор најдобар играч во првенството.

На 31 декември 2012, Мбоџи му се приклучил на белгискиот Генк за сума од 1.4 милиони евра. Откако во првата сезона играл стандардно во одбраната на Генк и им помогнал да го освојат Купот на Белгија, неговиот договор бил продолжен до 2018 година.

На 7 август 2015, Мбоџи потпишал за Андерлехт за сума од 4,5 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор до јуни 2019. Тој останал во Андерлехт три сезони, помагајќи му на клубот да го освои белгиското првенство во сезоната 2016-2017, и Суперкупот на Белгија во летото 2017.

На 30 август 2018, еден ден пред затворањето на летниот трансферен прозорец 2018, Мбоџи се преселил во францускиот Нант на заем до крајот на сезоната 2018–2019. Нант исто така обезбедил опција да потпише траен договор со сенегалскиот играч. Сепак, неговата позајмица завршила предвреме во јануари 2019 година, и Мбоџи се вратил во Андерлехт наведувајќи го недостаток на минутажа како причина за заминување од канаринците. До крајот на сезоната, Мбоџи бил стандарден во Андерлехт забележувајќи 17 настапи.

На 20 јули 2019, тој потпишал три годишен договор со катарската екипа Ал-Саилија.

Репрезентативна кариера Мбоџи бил дел од Олимписката репрезентација на Сенегал на Олимписките игри 2012. Потоа тој бил повикан и во сениорската репрезентација на Сенегал на Африканскиот куп на нации 2015 каде што тој постигнал гол во ремито 1–1 против Јужна Африка во групната фаза. Тој исто така бил повикан и за Африканскиот куп на нации 2017 каде што исто така бил стрелец во натпревар од групната фаза во победата со 2-0 над Тунис.

Во јуни 2018, тој бил повикан помеѓу 23-цата играчи на Светското првенство 2018 во Русија, но таму не одиграл ниту еден натпревар.

Титули Генк Куп на Белгија : 1 2012-2013

Андерлехт Белгиско првенство : 1 2016-2017 Суперкуп на Белгија : 1 2017

Наводи

Надворешни врски

Кара Мбоџи на soccerway Кара Мбоџи на transfermarkt Кара Мбоџи на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Сенегалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Родени во 1989 година