Дирк Кајт (; роден на 22 јули 1980 година) — пензиониран холандски професионален фудбалер кој најголемиот дел од својата кариера настапувал за Фејенорд од Ротердам. Тој ја започнал кариерата како класичен напаѓач, но со текот на времето најмногу бил користен како офензивен везист или крилен напаѓач.
Клупска кариера
Утрехт Кајт ја започнал својата кариера во Утрехт во 1998 година и брзо станал дел од првиот тим. Тој поминал 5 години во клубот, каде што во 2003 година, во неговата последна сезоната во Утрехт го освоил холандскиот куп, и тоа претсавувал негов прв трофеј и бил избран за златна копачка на холандската лига. После тоа, тој се преселил во тимот на Фејенорд за €1 милион евра. Тој станал капитен на клубот во 2005 година како еден плоден стрелец, во сезоната 2005-06 бил избран за холандски фудбалер на годината. Кајт пропуштил само пет натпревари во текот на седум сезони од 1999 година до 2006 година и настапи во 179 последователни натпревари помеѓу 2001-06, во плодна соработка со колегата од Фејенорд Саломон Калу. Тој го напуштил Фејенорд, после три години, постигнувајќи 71 лигашки голови на 101 натпревар, и се пресели во Премиер Лигата во тимот на Ливерпул за £10 милиони фунти.
Ливерпул Тој го имал своето деби во 2006 година со кој станал редовен член на првиот состав. Својот прв гол за Ливерпул го постигнал во Лигата на Шампионите во финалето против Милан во 2007 година. Кајт постигнал неколку важни голови за Ливерпул, вклучувајќи седум гола во сезоната 2007-08 година во Лигата на Шампионите, вклучувајќи и еден гол во четврт-финалето против Арсенал на Емирати стадионот и во полуфиналето против Челзи и против Евертон во дербито во истата сезона. Тој го постигна својот прв хет-трик за Ливерпул против Манчестер Јунајтед во март 2011 година по влегувањето како замена, и го постигна голот во продолеженијата на Вембли за Ливерпул против Кардиф Сити во 2012 Лига Купот и му помогна на Ливерпул да го освои трофејот, кој исто така беше неговиот единствен трофеј како играч на Ливерпул. Кајт го имаше своето деби за фудбалската репрезентација на Холандија во 2014 година и беше дел од 5 големи натпреварувања, три светски првенства, 2006, 2010 и 2014 година, како и две европски првенства 2008 и 2012 година. На 3 октомври 2014 година,тој објавил дека ја завршува својата репрезентативна кариера.
Фенербахче На 3 јуни 2012 година, Фенербахче објавил на своето официјално мрежно место дека Кајт потпишал со клубот три годишен договор за надомест од € 1 милион евра, и со годишна плата од 2,85 милиони евра € плус бонус по натпревар од € 17.500 евра. Тој го постигнал својот прв гол за Фенербахче во квалификациите на Лигата на шампионите против романскиот Васлуи во победата од 4-1. Кајт, исто така, го постигна првиот гол со своето деби во Турската лига против новодојденците во лигата Елазигспор на 18 август 2012 година, а натпреварот заврши 1-1. Во натпреварот против Газиантепспор, Кајт го постигна 250 гол во неговата кариера, вклучувајќи го и репрезентативните натпревари.
Фејенорд Во април 2015 та година тој потпиша едногодишен договор со Фејенорд, и така после 9 години се вратил во Ротердам. Во 2016 та година тој го продолжи договорот на уште една година. На 14 мај 2017 година, во последното коло на Холандската прва лига, Фејнрод го совлада Хераклес со резултат 3-1, со хет-трикот на Кајт со што му донеле на Фејенорд титула после 18 години, односно после сезоната 1998-99 година. Само три дена после освојувањетоа на титулата, односно на 17-мај, Кајт го објави своето пензионирање од професионлниот фудбал.
Наводи
Надворешни врски
Dirk Kuyt Liverpool F.C.
The Dirk Kuyt Foundation
http://www.bbc.com/sport/football/39915623
Player profile LFChistory.net Player Profile: Dirk Kuyt This is Anfield Profile ESPN Soccernet Profile at Premier League
Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Фејенорд Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година