Инфекција на мочните патишта — заболување на урогениталниот тракт, најчесто предизвикана од некоја бактерија.
Причини за појава Оваа инфекција е прилично честа мачнина, која се јавува кога микроорганизмите што живеат во урогениталниот тракт во цревата ќе навлезат во мочниот меур. Речиси 90% од инфекции на мочните патишта се предизвикани од бактеријата ешерихија коли која вообичаено се наоѓа во цревата. Почесто се јавуваат кај жените кои имаат многу пократка мочна цевка, така што бактериите полесно навлегуваат во мочниот меур. Притоа, овие инфекции најчесто се јавуваат кај девојките кои штотуку започнале со сексуални односи, како и кај жените во менопауза. За зголемување на ризикот од појава на овие инфекции придонесуваат неколку фактори, како: лошите хигиенски навики и прекумерната хигиена (примена на агресивни сапуни и гелови за туширање кои ги уништуваат добрите бактерии), капењето во када или во базен, одложување на мокрењето (уринарна ретенција), сексуално преносливите болести (гонореја, кламидија итн.), зголемената простата кај мажите, ослабен имунитет итн.М.А.М., „Седум сојузници против уринарните инфекции“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 28-29.
Симптоми Симптоми на инфекција на мочните патишта се: притисок во мочниот меур печење при мокрењето заматена урина и крв во урината треска болка во долниот дел на стомакот.
Терапија +Резистенција на E. coli кон различни класи на антибиотици во Македонијаhttps://resistancemap.onehealthtrust.org/AntibioticResistance.phpАнтибиотикРезистентностАминогликозиди27%Аминопеницилини96%Цефалоспорини (3 ген.)60%Флуорокинолони58%Пиперацилин/тазобактам42% Основата на третманот се антибиотиците. Феназопиридин повремено се пропишува во текот на првите неколку дена заедно со антибиотиците што го ублажува чувството на печење и итност кое се јавува при инфекциите на мочниот меур. Сепак, не се препорачува негова рутинска примена заради зголемениот ризик од метхемоглобинемија (зголемена концентрација на метхемоглобин во крвта). Парацетамолот се користи при појава на треска. Не постојат цврсти докази за ефикасност на продукти со брусница во третманот на моментални инфекции.
Наводи
Мочни патишта Категорија:Заразни болести Категорија:Болести на мочниот систем