мини|250px|Поглед ноќе на историската тврдина Каменец Подолски од XI век, Ukrajina мини|250px|Дневна туристичка посета на тврдината Каменец Подолски, град Каменец Подолски
Тврдина Каменец Подолски (; ; ; ) — тврдина во украинскиот град Каменец Подолски изградена во XI век. Тврдината е основана во време на Киевска Русија како дрвена одбранбена градба, а својата меѓународна препознатливост ја стекнува како камена тврдина во време на Полско-литванската Државна Заедница и козачко-полската борба со татарски и турски освојувачи. Се смета за едно од Седумте чуда на Украина и е долгогодишен дел на украинската туристичка понуда во западна Украина. Покрај тврдината тече реката Смотрич.
Историја Тврдината Каменец Подолски првпат е спомената во Ерменската хроника од XI век. Тврдината во средниот век се наоѓала во состав на Галичко-волинското Кралство, а денес е во рамките на Хмелничката Област во склоп на Украина. Местото било разрушено од Монголите во 1240 година, а повторниот раст го доживува на почетокот 1360-тите години кога просторот бил под контрола на литванските кнезови од династијата Коријатович.
Во 1430 година со Каменец Подолски завладеало Кралството Полска, а веќе две години подоцна, во 1432 година, на гратчето му се гарантирани магдебуршките права. На истиот простор е формирана Подолска Војводина, а Каменец Подолски станува нејзин главен град во 1463 година. Под управа на Полјаците, Каменец Подолски станува меѓународно познато трговско и културно средиште, според значењето веднаш зад градот Лавов. Почетната дрвена тврдина, до крајот на XV век била целосно заменета со снажни камени блокови кои и денес можат да се видат во нивното оригинално издание. Околу тврдината се изградени високи одбранбени ѕидови и кули чија цел била подобра одбрана од честите напади на Татарите и Турците од југозападните граници на денешна Украина. Со добивањето на магдебуршкото право, Каменец Подолски е прогласен за „кралски град“ и му е доделен слободен државнички статус.
Население
Првите жители на Каменец Подолски биле Украинци, и во нешто помал размер Ерменци. После падот на источнословенската држава Киевска Русија, градот во голема мерка го населиле Полјаци, нешто помалку Литванци како и Евреи. Денес тука главно живеат Украинци.
Наводи
Поврзано Украинска култура Туризам во Украина
Надворешни врски Туристички информации (укр.) Документација и историски податоци (укр.)
Категорија:Замоци во Украина Категорија:Заштитени подрачја во Украина