Тиквешкиот народно-ослободителен партизански одред „Добри Даскалов“ бил формиран на 14 мај 1943 година, кога биле престроени борците од партизанскиот одред и била положена партизанска заклетва. Најголем дел од борците биле од Кавадарци и Неготино, кавадаречките села Ваташа, Шивец, Радња, но имало и борци од Велес и од Скопје. Го викале Тиквешки партизански одред, бидејќи скоро 90 проценти од борците биле токму од овој крај.
Одредот, го добил името „Добри Даскалов” по предлог на Димката Ангелов Габерот, со што јасно ставил до знаење дека борците ја продолжуваат борбата на некогашните илинденци.
Штабот на одредот го сочинувале Димката Ангелов Габерот, политички комесар, Никола Минчев, командант на одредот, Лазар Калаџиевски Добри, заменик-командант и Петар Пепељуговски, заменик-политички комесар.
Уште првиот ден одредот ја почнал првата акција во селото Ресава. Следувале неколку успешни акции, меѓу кои една во селото Гарниково на 17 мај и другиот ден во селото Бојанчиште, каде биле убиени осум бугарски полицајци, а на селаните им била вратена претходно одземената стока.
Следувале акциите кај пограничните караули Шаренка и Порта, како и тие во селата Драгожел, Шешково, Праведник, Галиште и Драдња.
Сите овие акции предизвикувале бес и револт кај бугарскиот фашистички окупатор, кој организирал голема јунска офанзива со околу 12.000 бугарски војници, полицајци и две контрачети. Водени биле неколку борби, од кои една кај селото Никодин во која загинал заменик-командантот на првата чета Блажо Тодоровски Чичето. На 10 јуни загинал и Габерот.
мини|лево|Телата на стреланите младинци од село Ваташа, Тиквешко. Загинале и командирот на првата чета Ило Виларов од Неготино, Пано Мударов и активистот од селото Галиште, Стојан Крстев.
На 13 јуни 1943 година бугарските власти стрелале неколкумина родители на партизаните од селото Шивец, а стрелале и две постари жени, мајки на револуционери од Кавадарци, Фруса Чедомирова и Рајна Соколова. Исто така со бомби биле разурнати неколку куќи во Кавадарци, Ваташа и во други села од Тиквешијата. Меѓутоа кулминацијата на сите овие ѕверства бил на 16 јуни, со стрелањето на дванаесетте ваташки младинци од селото Ваташа.
Одредот во помали групи се префрлил во Егејска Македонија во реонот на Зборско, каде биле организирани неколку курсеви за ракување со оружје и неколку тактички вежби со борците.
Помали групи од одредот заминале во Тиквешијата и вршеле помали акции, а со одлука на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на 24 септември 1943 година од одредите „Добри Даскалов”, Гевгелискиот одред „Сава Михајлов”, како и од делови од битолскиот партизански одред „Гоце Делчев”, бил формиран баталјонот „Страшо Пинџур”, втората поголема регуларна единица во Македонија. Само триесетина дена подоцна, од дел од тиквешките борци бил формиран уште еден баталјон, Вториот баталјон на третата оперативна зона. Овие два баталјона претставувале јадро од кое била формирана прославената Втора македонска ударна бригада.
Членови Никола Минчев - командир Лазар Калајџиски - заменик-командир Димитар Ангелов - политички комесар Тихомир Милошевски Ангел Чемерски Блажо Тодоровски Панче Неделковски Боро Чаушев Диме Туриманџовски Павле Игновски Ристо Џунов Илија Коцевски - Јанко - десетар Ризова Трајанка - Злата Ризов Ристо
Загинати борци во периодот 1943-1944 Список на загинати борци од одредот „Добри Даскалов“: +Име и Презимедатум на погинувањеЛазе Калешков - Србомај 1943Блажо Алексов - Венкомај 1943Фердо Росомански - Пеливан14 мај 1943Миле В‘чков - Вања19 мај 1943Цано Поп-Ристов - Тарзан19 мај 1943Лазо Стојанов - Чемерски19 мај 1943Цандо Андов - Пешо6 јуни 1943Блажо Тодоровски - Чичето7 јуни 1943Перо Јованов - Ганди7 јуни 1943Пано Мударов - Фрањо9 јуни 1943Ило Виларов - Сокол9 јуни 1943Димката Ангелов - Габерот9 јуни 1943Киро Каракулев - Грујо9 јуни 1943Илија Костов - Крумо11 јуни 1943Илија Јакимовски - Ике11 јуни 1943Душан Јуруков - Малашев11 јуни 1943Вано Гунов - Анто11 јуни 1943Александар Аџи Илов - Елисие11 јуни 1943Манчо Малиминов16 јуни 1943Никола Петров - Ичко24 јуни 1943Тодор Хаџи Тефов - Шустри13 август 1943Божо Илов Димов - Павел1943Јордан Поп Атанасов - Гано28 септември 1943Георги Гелев - Шумски26 декември 1943Киро Спанџов - Коста26 декември 1943Благој Крстиќ - Јошка26 декември 1943Цоњу Александров - Ворошилов 1944Кирил В‘чков - ЧапаевТодор Гечев - Пекарев1944Стефан Хаџи - Тефов - Феткинфевруари 1944Стојан Т. Стојановски - Панчеаприл 1944Лазо Мицев - Рале4 април 1944Киро Крстевски - Страшо7 април 1944Блаже Џунов - Млаѓо28 април 1944Вера Циривири - Тренајули 1944
Наводи
Категорија:Историја на Македонија Категорија:Одреди во НОВМ НОПО