Основно училиште „Атанас Нивичански“ (официјално: Основно општинско училиште „Атанас Нивичански“ - Нова Маала; скратено: ООУ „Атанас Нивичански“) — централно основно училиште во струмичкото село Нова Маала, Општина Василево.

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Атанас Нивичански.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на задружниот дом.

Историја

Училишниот објект бил изграден во 1993 година. Самото училиште било основано во 2012 година.

Настава

Наставата во училиштето се изведува единствено на македонски наставен јазик во 13 паралелки.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Атанас Нивичански“ - Висока Маала, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик; ПУ „Атанас Нивичански“ - Доброшинци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Атанас Нивичански“ - Чанаклија, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Основни училишта во Општина Василево Категорија:Нова Маала Нова Маала Категорија:Основни училишта во Македонија