Бојан Кркиќ Перес (;, Бојан is pronounced .; (роден на 28 август 1990 година), познат како Бојан, е шпански професионален фудбалер кој моментално настапува како позејмен играч во шпанскиот Алавес, како позејмен играч од Стоук Сити.

Бојан ја започнал својата кариера во Барселона каде што напредувал преку младите категории во познатата академија на Барселона Ла Масија. Поради неговиот ветувачки напредок во младите категории, тој го направил своето деби за првиот тим на Барселона на возраст од 17 години и 19 дена, со што го срушил рекордот на Лионел Меси. Во неговата деби сезона во Ла Лига 2007-08 година, тој постигнал 12 гола на 48 натпревари. Севкупно, тој поминал четири сезони на Камп Ноу, постигнувајќи 41 гол во 162 натпревари пред да биде продаден во јули 2011 година на италијанската Рома за сума од 12 милиони евра. Неговиот престој во Рим се сведувал на 7 гола на 37 настапи во сезоната 2011-12, каде што потоа ја сменил средината и заминал во Милан како позејмен играч од Рома. Во дресот на Милан тој постигна три гола во 27 натпревари.

Рома не ја искористила опцијата да го доплати трансферот на Бојан за дополнителни 28 милиони евра па така, Барселона повторно го потпишал за 13 милиони евра. Тој повторно бил пратен на позајмица во холандсксиот гигант Ајакс каде што помогнал да ја освојат титулата. Во јули 2014 година, Бојан се приклучил англискиот клуб Стоук Сити за 1,8 милиони евра. За две и пол сезони поминати во Стоук, тој одиграл 52 натпревари и постигнал 12 голови, но во јануарскиот преоден рок во 2017 година, тој бил позејмен на германскиот Мајнц, каде што одиграл 9 натпревари и постигна еден гол.

Со младата репрезентација на Шпанија до 17 години, тој го освоил Европското првенство првенство за фудбалери под 17 години и Европското првенство за фудбалери под 21 година. За сениорскиот состав на Шпанија тој настапи само еднаш во 2008 година. Исто така, тој ја претставуваше фудбалската репрезентација на Каталонија со седум настапи и 6 голови од 2007 година.

Рани години Бојан е роден во Линјола, Леида, Каталонија, од татко Србин, Бојан Кркиќ Сениор, кој исто така бил професионален фудбалер, настапувајќи за ОФК Београд, и мајка Шпанка, Марија Луиза Перес, Тој настапувал во академијата на Барселона Ла Масија од 1999 до 2006 година.Clonati Ronaldinho e Messi, Gazzetta dello Sport, 17 January 2007 Како брз напаѓач со доста значајни дриблинзи и вештини, било објавено дека тој постигнал повеќе од 900 голови за различни младински категории на Барселона, откако се приклучил на клубот на осум-годишна возраст. Потоа тој играл за Барселона Б тимот, додека професионален договор со првиот тим на Барселона потпишал на 17 годишна возраст. Бојан го одиграл својот прв натпревар за Барселона на 24 април 2007 година, постигнувајќи гол во пријателскиот натпревар против египетскиот клуб Ал Ахли Кометал.

Наводи

Наводи

BDFutbol profile National team data

Stoke City FC profile

Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година