мини|300px|Подхале. Поглед од Тарасовка, со Татрите на хоризонтот. мини|300px|Нови Тарг главен град на областа, поглед од птичја перспектива мини|лево|Жителите од Подхале во народна носија

Подхале () (буквално под планинските ливади) – историско-географска област во најјужниот дел на Полска, расположена на границата со Словачка, на падините на Татрите, во басените на реките Бјал и Чарн Дунаец како и во горниот тек на реката Дунаец . Подхале е во рамките на Малополското Војводство. На неговата територија се наоѓаат градовите Нов Тарг (историски центар на Подхале кое месното население го нарекува едноставно „Град“) и Закопане како и повеќе села. Населението претставува подетнички дел од групата Гурали – Подгалјани.

Локален фолклор Областа се одликува со богата фолклорна традиција која е многу романтизирана во полската патриотизампатриотска имагинација. Фолклорот е главно донесен од полските доселеници од Малополскамалополската област и делумно од трансилваниските доселенци во XVII век за време на нивните миграции. Подхале е дел од историската област Малополска чиј главен град е кралскиот град Краков.

Регионални атракции Меѓу регионалните атракции се популарното планинско одморалиште Закопане и езерото познато како Морско Око, кое според локалната легенда е поврзано со Јадранското Море преку подземни пасажи. Нови Тарг, на реката Дунаец, е главен град на областа. Во Луџмјеш се наоѓа светилиштето на Пресвета Богородица. Областа е особено позната по својот „осципек“, сирење направено од мешавина од кравјо и овчо млеко, по музиката и по своите скијалишта. Во зима, таа е најпосетувана туристичка локација во Полска.

Поврзано Светилиште на Пресвета Богородица

Наводи

Категорија:Полска Категорија:Малополко Војводство