Споменик „Ослободители на Скопје“ — споменик посветен на ослободителите на Скопје, кој се наоѓа пред зградата на Владата на Македонија. Споменикот бил изграден во 1955 година. Автор на споменикот е вајарот Иван Мирковиќ.

Заднина

Уште во текот на борбите за Штип и Велес, Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија осмислил план за концентричен напад на Скопје. За ослободување на Скопје биле предвидени 42. дивизија, 50. дивизија и 16. бригада на Кумановската дивизија. Во градот во тоа време биле сместени 22. германска дивизија и 47. полк на северната и источната страна и делови на 65. полк на јужната страна на градот.

Нападот на надворешната одбрана на Скопје започнал на 11 ноември кога бил скршен германскиот отпор кај Катланово и селото Лисиче. На 12 ноември, баталјоните 3. и 12. бригада влегле во градот, а во ноќта 12/13 ноември (до пладне), заедно со ударните групи од градот, во уличните борби ја совладале германската одбрана и извршиле ликвидација на последните упоришта во Офицерскиот дом, Народната банка и Железничката саница. Во понатамошните борби до 16 часот бил ослободен целиот град; останала само мала група на 40 Германци кои биле убиени во ноќта 13/14 ноември во зградата на Учителската школа.Историјски атлас ослободилачког рата Југославије: Ослобођење Скопља (од 11. до 13. новембра 1944. године)

Опис на споменикот

Споменичната композиција се состои од 7 бронзени скулптури во борбени пози против непријателот:

борец на чело на композицијата кој со пушка во рака ги охрабрува борците на јуриш жена во одлучен став со пушка во раце дете со мало огнено оружје борец кој се едната рака придржува ранет другар, а со другата фрла бомба борец во умирање кој со своите последни сили го држи знамето младинец кој извлегува оружје од појасот и се спрема за напад

Скулптурите се изработени во натприродна големина и се поставени на ниско постолје.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Споменици во Скопје Скопје