МАРХ — мрежен портал посветен на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност, преку минатите и денешните реализации, проекти, концепти, идеи.

Почетоци

Официјално страницата е промовирана и пуштена во сообраќај за пошироката јавност на 24 ноември 2014 година. Започнува со 10 категории, хронолошки обидувајќи се да ги селектира објавите низ периоди и пресеци. Запознавањето на домашната јавност со сопствената архитектонска сцена е предизвикот на страницата. МАРХ предизвика внимание, бидејќи е единствен концепт на страна која се занимава единствено со домашната архитектонска сцена, презентирајќи ги оригинално проектите, оставајќи им простор на архитектите сами да одлучат како ќе го презентираат проектот. На тој начин создава архива на оригинални мисли, без непотребна продукција.

Екипа

Во почетоците мрежното место МАРХ е водена од основачот Филип Конески, за по некое време да му се придружат Борис Јурмовски и Мартин Ефремовски. Со зголемувањето на содржината се јавува потреба од млади соработници студенти и се распишува конкурс за соработници. Пријавени се поголем број студенти од државните и приватните факултети, при што се избираат петорица. Избраните соработници се: Софија Стојаноска, Моника Крстевска, Ноеми Чаусидис, Антонио Груевски и Љубен Трајаноски.

Надворешни врски

Категорија:Македонски мрежни места Категорија:Појавено во 2014 година во Македонија