Трка околу Калифорнија 2017 (официјално: Амген Трка околу Калифорнија) — 12. издание на велосипедската етапна Трка околу Калифорнија, која се одржала помеѓу 14 и 20 мај како дваесетивтори настан во сезоната на Светската турнеја. Трката учествувала во Светската турнеја по првпат.

Новозеланѓанецот Џорџ Бенет () ја остварил својата прва победа во професионалната победа, освојувајќи го генералниот пласман со 35 секунди предност пред полскиот возач Рафал Мајка, кој вози за екипата . Мајка го држел водството на трката по освојувањето на втората етапа пред Бенет, но надмоќниот настап на Бенет на хронометарот на претпоследниот ден му дозволил да го преземе водството и на крајот да ја освои трката. Победата на Бенет била прва од возач од Нов Зеланд во рамките на Светската турнеја. Подиумот бил заокружен од домашниот возач, членот на , Ендру Талански, секунда зад Мајка.

Во другите пласмани, колегата на Мајка, Петер Саган, го освоил спринтерскиот пласман и зелената маичка, по седми пат во осум години; Колумбиецот Даниел Харамиљо () го претекнал возачот на , Евен Хафман за повраток на точкестата маичка за планинскиот пласман, додека со нападот во последниот ден, Австралиецот Лахлан Мортон () ја повратил белата маичка во пласманот за млад возач, претходно губејќи ја од возачот на Тео Гејган Харт. Екипниот пласман бил освоен од , откако Ијан Босвел и Гејган Харт завршиле меѓу првите десет. Хафман освоил најмногу етапи на трката (две), првпат некоја континентална екипа да оствари победа во Светската турнеја.

Екипи

Како нов настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети, но не биле обврзани да учествуваат на трката. Скоро сите екипи кои учествувале биле објавени на 9 март 2017 година, единствено била додаделан една недела пред трката.

Со тоа, дванаесет од осумнаесетте екипи настапиле на трката. На три професионални континентални екипи и две континентални екипи им биле доделени специјални покани за трката. Со тоа, главната група била составена од 17 екипи.

Рута

За изданието 2017, трката била скратена од осум на седум етапи. Целата рута на трката била објавена на 31 јануари 2017 година.

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Етапа 7

Завршен пласман

Поредок

На Трката околу Калифорнија биле доделувани пет различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршното време на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Трката околу Калифорнија и победникот на пласманот се сметал за победник на трката.

Дополнително, постоел спринтерски пласман, каде се доделувала зелената маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршиле меѓу првите десет на етапите. За освојување на етапата, возачот добивал 15 бода, 12 бода за второпласираниот, 9 за третиот, 7 за четвртиот и по еден бод помалку сѐ до 1 бод за десеттото место. Бодовите за пласманот можеле да се освојат (сооднос 3-2-1) и на средните спринтови во текот на етапите; овие средни спринтови исто така нуделе бонус секунди за генералниот пласман. Постоел и планински пласман, каде што водството било обележано со бела маичка со црвени точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти, при што повеќе бодови имало на повисоко категозираните искачувања.

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележан со белата маичка. Пласманот бил одлучуван на истиот начин како генералниот пласман, но можеле да се натпреваруваат само возачи родени по 1 јануари 1992. Исто така, постоел екипен пласман, каде биле додавани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била екипата со најмало вкупно време. Исто така, постоела и награда за борбеност доделувана по секоја етапа на возач, кој од страна на жирито бил сметан за „најдобар пример за карактер на оние кои се борат против ракот и срцевите болести“, во согласност со спонзорот на маичката. Оваа награда била одбележана со сина маичка.

Етапа Победник Генерален пласман25п Спринтерски пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Најборбен возач25п Екипен пласман 1 Марсел Кител Марсел Кител Марсел Кител недоделена Флорис Гертс Бен Волф 2 Рафал Мајка Рафал Мајка Рафал Мајка Даниел Харамиљо Лахлан Мортон Џорџ Бенет 3 Петер Саган Петер Саган Бен Волф 4 Евен Хафман Евен Хафман 5 Ендру Талански Роб Бритон 6 Џонатан ДибенЏорџ Бенет Тео Гејган Харт недоделена 7 Евен Хафман Лахлан Мортон Евен Хафман На крај Џорџ Бенет Петер Саган Даниел Харамиљо Лахлан Мортон недоделена

Белешки

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Трка околу Калифорнија Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:САД во 2017 година