Хохкeниг () – највисоката планина во Берхтесгаденските Алпи во австриската провинција Салцбург, како и планинскиот венец како целина. Берхтесгаденските Алпи се дел од Северните Варовнички Алпи.
Местоположба Хохкениг е расположен западно од градот Бишофсхофен во австриската провинција Салцбург, на 42 км јужно од самиот град Салцбург. Хохкениг е одделен од останатиот дел на Берхтесгаденските Алпи со планинскиот превој Торшарте (Torscharte) чија надморска височина изнесува 2.246 метри. Самиот врв се наоѓа на јужниот крај на големо варовничко плато, покриено со ледник, познат како Ибергосене Алм (Übergossene Alm). Овој ледник се намалува со брзина од 6,2% годишно така што ќе исчезне во блиска иднина.
Геологија Во највисоките делови на Хохкениг преовладува тврдиот тенкослоен варовник.
Освојување на врвот Месните ловци доста одамна се искачуваат на Хохкениг. Првото „туристичко“ искачување на врвот било на 5 септември 1826 година од професорот по теологија Петар Карл Турвизер по вообичаената денешна маршрута преку Охсенкар и Артурхаус. При искачувањето професорот бил придружуван од своите соработници Ернест фон Јоанели и Фон Сакс, како и десет носачи. Ернест Јоанели е првиот кој извршил точно мерење на надморската височина на врвот. Пократко но поопасно и подобра физичка подготвеност е трасата преку Биркархаус. Патеката преку Когел е најдолгата траса за скијање во Источните Алпи.
На Хохкениг, на надморска височина од 2 941 м, се наоѓа планинарски дом на австрискиот туристички клуб. Тоа место исто така се користи како почетна точка за параглајдерство и змејарство.
Галерија
Наводи
Литература Albert Precht. Alpenvereinsführer Hochkönig. München. Bergverlag Rother. 1989. ISBN 3-7633-1259-5 Fisher, A.; Seiser, B.; Stocker-Waldhuber, M.; Mitterer, C.; Abermann, J. Tracing glacier changes in Austria from the Little Ice Age to the present using a lidar-based high-resolution glacier inventory in Austria The Cryosphere. 2015, бр. 9.
Надворешни врски High King Mountain Ski Area (Official - English)
Категорија:Алпи Категорија:Планини во Австрија