Пиштар Лутфиу (албански: Pishtar Lutfiu; Дебар, ) — македонски политичар, член на ДУИ. Бил Министер за образование и наука во периодот од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година.
Животопис
Пиштар Лутфиу е роден на 17 март 1986 година во Дебар. Средно образование завршил во Тетово. Во 2009 година дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа по „Јавна администрација и политички науки“ додека во 2012 година на истиот универзитет станал Магистер по политички науки. Во периодот од 2011 до 2013 година бил генерален секретар на Институтот за политички и меѓународни студии во Скопје. Во 2013 година работел во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор во секторот за меѓународни односи. Во 2014 година станал претаседател во „Клуб Алпбах Македонија“.
Во периодот од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски Албанци Категорија:Политичари од Дебар Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2014 Категорија:Политичари од ДУИ