Кеплер Лаверан Лима Фереира (; , во ) попознат како Пепе – поранешен португалски фудбалер, играч од одбраната. Својата фудбалска кариера ја започнал, во родниот Бразил во локалниот клуб Коринтијанс Алагоано, каде и го добил прекарот Пепе.

Во 2001 година, тој дошол во Европа, поточно во Португалија, каде станал играч на Маритимо. Иако имал тешкотии со приспособувањето кон новата земја и посебно кон островот Мадејра, од каде што доаѓа Маритимо, борејќи се со носталгијата, сепак Пепе брзо напредувал. Неговиот раст во Маритимо не поминал незабележано од големите европски гиганти, меѓу кои и Порто, за кој Пепе се одлучил да потпише во 2004 година. После заминувањето на Жозе Мурињо и доаѓањето на Ко Адријансе, тој ја достигнал својата целосна афирмација во клубот. Во 2007 година, Пепе направил трансфер во Реал Мадрид,Пепе потпиша за Реал каде ги поминал следните години од кариерата и освоил голем број на трофеи, вклучитело и трите титули во Лигата на шампионите. По година и половина помината во дресот на турскиот Бешикташ, во јануари 2019 година, Пепе се вратил во Португалија каде одново го облекол дресот на Порто.

Иако е роден во Бразил, Пепе се определил да игра за португалската репрезентација, за која дебитирал во 2007 година и до денес забележал 141 настап и постигнал 8 голови. За Португалија играл на 4 Светски и 5 Европски првенства и бил дел од репрезентацијата на Европското првенство 2016, кое Португалија го освоила.

Биографија Роден во Масејо, Алагоаш, Пепе бил крстен Кеплер Лаверан од неговиот татко во чест на научниците Јоханес Кеплер и Шарл Луј Алфонс Лаверан.

Пепе е оженет со Ана Софија Мореира, која ја запознал во Порто во 2007 година. Заедно имаат две ќерки.

Клупска кариера Маритимо Пепе започнал да игра фудбал во локалниот бразилски клуб Коринтијанс Алагоано. На 18-годишна возраст, заедно со соиграчот Езекиаш, тој се преселил во Португалија каде потпишал за Маритимо, клуб сместен на островот Мадејра, каде го минал поголемиот дел од неговата прва сезона играјќи за Б-тимот.

Откако бил промовиран во првиот тим за сезоната 2002–2003, под водство на украинскиот менаџер Анатолиј Бишовец, Пепе ретко пропуштал натпревари, играјќи на неколку различни позиции, вклучително и како одбранбен играч за врска.

Во летото 2003, на Пепе му била дадена дозвола да тренира две недели со Спортинг Лисабон, по што можел да преговара за трансфер во зелено-белите. Пепе ја поминал пробата, но двата клуба не можеле да се договорат околу отштетата, па Пепе останал во Маритимо и му помогнал на клубот да обезбеди настап во Купот на УЕФА за следната сезона, придонесувајќи со 1 гол во 30 настапи.

Порто

Во мај 2004 година, непосредно пред клубот да ја освои тројната круна со лигата, купот и Лигата на шампионите, Пепе потпишал за Порто. Трансферот бил вреден еден милион евра, но Маритимо добиле право на 20% и од идниот трансфер на играчот. Исто така добиле и неколку играчи како дел од трансферот.

Во првата сезона, под водството на шпанскиот тренер Виктор Фернандес, Пепе бил користен како замена на двајцата ветерани, Педро Емануел и Жорже Кошта. Сепак, веќе во следната сезона под водството на Ко Адријансе, ја имал својата сезона на пробив, етаблирајќи се како еден од најдобрите дефанзивци во португалското првенство: Холанѓанецот често избирал 3–4–3 формација, при што Пепе често бил на теренот како единствен природен стопер. Во двете сезони во кои Пепе бил стартер за Порто, клубот освоил две титули шампионски титули во Португалија и Купот на Португалија 2005-2006.

Реал Мадрид 2007–2011 На 10 јули 2007 година, Пепе потпишал петгодишен договор со Реал Мадрид, во трансфер вреден 30 милиони евра.Madrid pick up Pepe from Porto; UEFA.com, 10 July 2007 Дебитирал за Реал Мадрид во натпревар од Суперкупот на Шпанија против Севиља, додека своето деби во шпанското првенство го направил во победата со 2-1 во мадридското дерби над Атлетико Мадрид. Во ноември 2007, тој бил вклучен во тепачка за време на тренинг со соиграчот Хавиер Балбоа.Balboa y Pepe se pelean durante el entrenamiento (Balboa and Pepe fight during training); Marca, 9 November 2007 Во неговиот прв Ел Класико, Пепе одиграл одлично и бил избран за играч на натпреварот во кој кралевите ја совладале Барселона со 1-0 на Камп Ноу.Navidades blancas: el Real Madrid apuntilla al Barça (0–1) (White Christmas: Real Madrid kills Barça (0–1)); Diario Crítico, 23 December 2007 Во првата сезона одиграл само 19 натпревари во првенството, меѓу кои и оној на 15 март 2008, во кој си постигнал автогол при поразот со 1-0 од Депортиво Ла Коруња,Deportivo curse strikes again for Real; Soccerway, 15 March 2008 иако тоа не го спречило него и неговиот клуб на крајот од сезоната да триумфираат во Примера Дивисион.

Во текот на сезоната 2008-2009, Пепе постојано се измачувал со повреди. На 21 април 2009 година, тој исто така бил вклучен во инцидент со Хавиер Каскеро од Хетафе: при резултат 2–2 и само неколку минути игра до крајот, тој го соборил играчот од средниот ред во казнетиот простор, по што последователно бил исклучен. Потоа, тој двапати намерно го удрил Каскеро, еднаш по потколеницата и еднаш по долниот дел на грбот. Во продолжение, тој исто така удрил во лице друг противнички играч, Хуан Анхел Албин и на крајот добил суспензија од десет натпревари, со што практично ја завршил неговата сезона.Суспензија

Во текот на сезона 2009–2010, Пепе се вратил во почетниот состав на Реал. На 4 октомври 2009 година, тој го постигнал својот гол првенец во дресот на Реал Мадрид, во натпреварот против Севиља на Рамон Санчес Писхуан, сместувајќи ја топката во мрежата со глава по центаршутот од слободен удар на Гути во поразот со 2–1. На 12 декември за време на натпреварот против Валенсија на Местаља, тој незгодно се приземјил при еден воздушен дуел и бил изнесен надвор од теренот во завршните секунди од првото полувреме. Скенирањето подоцна покажало дека тој се здобил со пукнатина на предниот вкрстен лигамент во десното колено. Повредата значела крај на сезоната за него, а во прашање го довел и својот настап на Светското првенство 2010 во Јужноафриканската Република.Повреда против Валенсија

На почетокот на сезоната 2010-2011, во клубот пристигнал неговиот сонародник Рикардо Карваљо, со кој Пепе ќе го сочинува стоперскиот тандем на кралскиот клуб, додека за тренер е назначен уште еден португалец, Жозе Мурињо. На почетокот на есента се појавиле гласини дека Пепе сака да го напушти Реал, наводно незадоволен со својата плата од 1,8 милиони евра годишно, со која бил еден од најслабо платените играчи во клубот.Пепе сака да си оди од Реал Сепак, по исцрпувачките преговори,Madrid hopeful over Pepe deal; ESPN Soccernet, 21 March 2011 тој конечно потпишал нов договор, обновувајќи ја својата верност кон клубот до 2015 година.Pepe signs 2015 Real Madrid contract extension; Goal.com, 21 March 2011

Пепе го поминал последниот дел од сезоната, играјќи на позицијата како дефанзивен играч за врска, период во кој Реал Мадрид се соочиле со нивните најголеми ривали Барселона четири пати за помалку од еден месец. На 27 април 2011 година, во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, тој бил исклучен поради контроверзниот старт врз дефанзивецот на Барселона Дани Алвеш во поразот на домашен терен со 0–2.Ten-man Madrid undone by Messi magic; UEFA.com, 27 April 2011 Сепак, Алвеш, исто така, наишол на силни критики, а и од Реал Мадрид тврделе дека бразилскиот бек претерал со инцидентот. Подоцна и други спортисти, меѓу кои Рио Фердинанд, Мајкл Овен и Рори МекИлрој ги критикувале постапките на Алвеш.Real release "proof" of Alves dive ; ESPN Soccernet, 28 April 2011 Следниот ден, УЕФА отворила дисциплинска постапка против двата клуба за големиот број инциденти за време на натпреварот. Пресудата била објавена осум дена подоцна: црвениот картон останал и Пепе добил суспензија од еден натпревар во европските натпреварувања, која ја отслужил со неиграње во ремито 1-1 во реваншот на Камп Ноу.

2011–2017 На 12 јули 2011 година, Пепе повторно го продолжил договорот со Реал Мадрид, до крајот на сезоната 2015–2016. Во натпреварот против Осасуна на 6 ноември, тој го постигнал вториот гол за тимот во победата со 7-1 на домашен терен. Во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Шпанија против Барселона на 18 јануари 2012 година, тој згазнал врз раката на Лионел Меси, кој лежел на тревата откако бил фаулиран. Инцидентот наишол на силни критики од шпанските медиуми, кои исто така го забележаа неговиот старт над Сеск Фабрегас претходно, во поразот на домашен терен со 1–2, но тој инсистирал дека инцидентот, кој не го видел судијата, бил „ненамерен“. На 23 јануари, шпанската фудбалска федерација го ослободила од какво било неправилно дело.

На 21 март 2012 година, Пепе бил вмешан во уште еден сериозен инцидент: по ремито 1–1 на гостувањето кај Виљареал во кое тој добил жолт картон, а Реал Мадрид завршил со девет играчи, тој влегол во расправа со судијата Хосе Луис Парадас Ромеро во просторот кај соблекувалната, велејќи му: „Каков грабеж, кучкин сине“. Два дена подоцна, тој бил суспендиран на два натпревари.

Во сезоната 2011-2012, Пепе бил спарен на стоперските позиции со Серхио Рамос, со кого во оваа но и во следните години формирале застрашувачко партнерство во срцето на одбраната на Реал Мадрид. Сезоната ја завршил со 29 настапи во првенството или 45 настапи вкупно во сите натпреварувања, помагајќи клубот да ја освои 32-рата првенствена титула.

На 19 август 2012 година, за време на натпреварот на отворањето на сезоната против Валенсија, Пепе во една ситуација се судрил со голманот на Реал Икер Касиљас, што довело до тоа гостите да израмнат на 1–1 (што било и конечен резултат). Тој потоа бил однесен во болница на прегледи, но бил пуштен веќе следниот ден. Во услови на расправии со Мурињо, Пепе го загубил своето место во почетниот состав од Рафаел Варан во текот на целата сезона и на крајот влегол во кавга со тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, за време на финалето на Купот на Шпанија.

Во сезоната 2013-2014, Пепе забележал личен рекорд на својата кариера по бројот на постигнати голови (5) и одиграни натпревари (48) за Реал Мадрид во рамките на една сезона, забележувајќи притоа и 11 настапи во нивната победничка кампања позната како „La Decima“ (превод на мак. десеттата) во Лигата на шампионите 2013-2014. Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го пофалил Пепе и зборувајќи за неговата важност во тимот рекол: „Ние сме посигурни со него. Тој ни дава самодоверба, и е личност која им помага на другите играчи; тој е многу важен за нив.“ Во сезоната 2015-2016, Пепе забележал девет настапи во Лигата на шампионите вкупно 31 во сите натпреварувања. На 28 мај 2016, тој го започнал финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на Сан Сиро во Милано, во кое Реал бил подобар по изведување на пенали.

Во неговата последна година во дресот на Реал Мадрид, Пепе имал сезона исполнета со повреди, во која забележал само 18 настапи, давајќи каков таков придонес за 33-тата титула на мадридскиот клуб во шпанската Примера Дивисион, и нивната дванаесетта титула во Лигата на шампионите, победувајќи го Јувентус во финалето на Милениум стадионот, во Кардиф.

Бешикташ На 4 јули 2017 година, Пепе потпишал за турскиот клуб Бешикташ со слободен трансфер, по истекот на неговиот договор со Реал Мадрид. Неговиот договор изнесувал вкупно 9,5 милиони евра за две години, плус 4.000 евра бонус за секој одигран натпревар. На 13 август, тој го постигнал својот прв гол за Бешикташ во победата со 2–0 на домашен терен против Анталијаспор.

На 19 април 2018 година, во реваншот од полуфиналето на Купот на Турција против Фенербахче, тој го доби својот прв црвен картон како играч на Бешикташ по една пресметка со Жозеф де Соуса. Натпреварот подоцна бил прекинат откако тренерот на Бешикташ бил удрен со предмет фрлен од трибините.

Пепе го раскинл договорот со Бешикташ со меѓусебен договор на 17 декември 2018 година.

Враќање во Порто