Свети Архангел Михаил — главна селска црква во гевгелиското село Моин.

Местоположба

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Моин.

Историја

Во време на македонската преродба во век, во селото имало три цркви, и тоа: патријаршиска, егзархиска и римокатоличка. Но, за време на Првата светска војна, поточно во 1917 година, сите овие цркви биле разрушени. Мештаните изградиле нова црква, која делумно била разурната во време на Втората светска војна, а била обновена и доградена во 1963 година.„Цркви и манастири во Гевгелија“. Повардарска епархија.

Архитектура

Црквата претставува еднокорабна градба со рамен варосан таван, припрата, но без апсида.

Икони и иконостас

Во нејзината внатрешност, иконостасот е мал и бил изработен од гевгелискиот столар Ристо Попов, чие име се споменува на запис на самиот иконостас од 30 декември 1968 година.

Галерија

Поврзано Моин Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Втора гевгелиска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Моин Моин