Елиф Елмас (р. на , во Скопје) македонски фудбалер, играч од средниот ред на Аталанта и на македонската репрезентација.
Неговиот прекар е дијамант, поради значењето на неговото презиме преведно од турски.
Биографија Елмас е роден во Скопје, од родители со турско потекло, а израснал во скопската населба Чаир. Неговиот татко Џеват бил сопственик на слаткарница, каде во раните години му помагал и самиот Елиф. Својата фудбалска кариера ја започнал во фудбалската школа Форца од каде потоа се преселил во Работнички каде станал професионален фудбалер.На малите терени во школата Форца Вардар Јовче Џипунов создава големи фудбалери mkd.mk
Во јули 2017, селекторот на турската репрезентација, Фатих Терим, се обидел да го наговори Елмас да игра за Турција, но тој одлучил да ја претставува земјата во која е роден.
Технички карактеристики Елмас е играч од средниот ред, кој може да игра на сите напаѓачки позиции во тој дел од теренот, како офанзивен играч од средниот ред или на двете крила, иако најмногу ја претпочита улогата лево крило. Опремен со одлична техника, контрола над топката, агилност и креативност, тој е многу добар и во уфрлувањата од втора позиција и во фазата на одбрана. Располага со добар удар од далечина, главно со десната нога, но може исто така подеднакво добро да се служи и со левата.
Клупска кариера Работнички Дебитирал за првиот тим на Работнички на 30 септември 2015 на возраст од 16 години и 3 дена, во победата со 4-0 на гостувањето против Гостивар во Купот на Македонија.Елиф Елмас: од Фенербахче Тефејус, преку Форца, Работнички, Бутоп, па сè до Херенвен! butop.eu.pn Неколку дена подоцна, на 4 октомври 2015 дебитирал во Првата лига на Македонија во победата со 2-0 на домашен терен над Металург Скопје. На 10 април 2016, го постигнал својот прв погодок во кариерата за романтичарите во победата со 2-0 над Хоризонт Турново на домашен терен. Својата прва сезона во дресот на Работнички ја завршил со 11 настапи и 1 гол.
Следната сезона, Елмас бил редовен стартер и клучен играч за Работнички. На 28 јуни 2016, дебитирал во европските купови, во натпреварот од првото квалификациско коло за УЕФА Лигата на Европа против Будуќност Подгорица во Скопје; натпреварот завршил 1-1, а токму Елмас 18 минути по влегувањето во игра од клупата го постигнал израмнувачкиот гол за својот тим. На отворањето на новата сезона во македонското првенство, Елмас постигнал два гола и забележал асистенција во убедливата победа со 4-0 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Одличната форма ја одржувал во текот на целата сезона 2016-2017, која ја завршил со 33 натпревари во првенството на кои постигнал 6 гола и имал 7 асистенции. Одличните игри во сезоната му ја донеле наградата за Млад играч на годината, пред Јани Атанасов од Академија Пандев и Енес Фазлагиќ од Шкендија. Елмас го напуштил Работнички во летото 2017, после 51 настап и 9 гола за клубот.
Фенербахче На 28 јули 2017, Елмас потпишал петгодишен договор со турскиот гигант Фенербахче.Елиф Елмас го одбра Фенербахче! sportmedia.mk Веднаш потоа, турскиот клуб објавил дека за трансферот на играчот на Работнички му биле исплатени 180.000 евра и дека Елмас ќе го носи дресот со број 21.Фенербахче ги откри бројките за Елиф Елмас sportmedia.mk Своето деби за Фенербахче го направил на 28 јануари 2018, во ремито 1-1 на гостувањето кај Трабзонспор влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Хасан Али Калдирим во 64-тата минута.Талентираниот Елмас дебитираше за Фенербахче (Видео) derbi.mk Својата прва сезона во клубот ја завршил со 5 настапи во лигата и 2 во купот, без постигнат гол.
На почетокот на сезоната 2018-2019, Елмас го имал своето деби во Лигата на шампионите, играјќи ги комплетните 90 минути во поразот со 1-0 од Бенфика на 7 август 2018 во третото квалификациско коло од елитното европско натпреварување. Својот прв гол за Фенер го постигнал на 16 септември 2018, во победата со 1-0 на гостувањето кај Конијаспор, откако само 6 минути претходно влегол во игра од клупата за резерви.ПРВЕНЕЦ ЗА ЕЛМАЗ ВО ДРЕСОТ НА ФЕНЕРБАХЧЕ ,ТРАЈКОВСКИ ПОГОДИ ЗА ПАЛЕРМО Телма На 14 април 2019, Елмас постигнал гол во интерконтиненталното дерби против најголемиот соперник на Фенербахче, , во натпревар што завршил 1-1.
Наполи thumb|left|Елмас играјќи за Наполи против Спартак Москва во Лига Европа. На 24 јули 2019 година, Елмас се преселил во италијанскиот Наполи за обесштетување од 16 милиони евра плус бонуси, потпишувајќи петогодишен договор со партенопеите. Своето деби за клубот го направил на 24 август во победата со 4-3 на гостувањето кај , влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Алан во 72-рата минута од натпреварот. На 17 септември тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата на домашен терен со 2-0 против Ливерпул во групната фаза (претходно тој играл само во квалификациите за елитното европско натпреварување). На 3 февруари 2020 година, тој го постигнал својот прв гол со дресот на Наполи на гостувањето против во натпреварот кој завршил 2-4 за „светлосините“. Набргу по враќањето на клупскиот фудбал на терените по паузата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, Елмас го освоил својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија откако во финалето тие го совладале Јувентус по изведување на пенали со 4-2. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 36 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол.
За време на својата втора сезона, Елмас го постигнал својот втор гол во дресот на Наполи во победата со 6-0 на домашен терен над Џенова. Сепак, по одигрувањето на тој натпревар било востановено дека поголемиот дел од играчите на Џенова биле зарзени со КОВИД-19, по што и самиот Елмас се заразил и поради тоа ги пропуштил натпреварите на македонската репрезентација во баражот за Европското првенство и во Лигата на нации. На 28 јануари 2021, го постигнал својот прв гол во кариерата во Купот на Италија во победата со 4-2 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ над Специја. Три дена подоцна, на истиот стадион, тој го отворил резултатот во победата со 2-0 над Парма во Серија А. Користен главно како резерва од тренерот Џенаро Гатузо, сезоната ја завршил со 44 настапи и 3 гола.
Во следната сезона, со Лучано Спалети на клупата, тој продолжил да биде користен најчесто како замена. За време на групната фаза од Лига Европа тој постигнал 4 гола, вклучувајќи го и голот што му донел водство на тимот во домашниот натпревар на 30 септември против , постигнат по само 12 секунди;Елмас-експрес! „Дијамантот“ погоди по само 11 секунди игра за водство на Наполи! topsport.mk гол со кој македонскиот играч од средниот ред влегол во историјата со тоа што го постигнал најбрзиот гол на италијански тим во натпреварувањето, но тоа не било доволно за Аѕурите кои го загубиле натпреварот со 2-3. На 9 декември, во последниот натпревар од групната фаза против , тој го постигнал два гола - за прпат како играч на Наполи -, што им овозможило на наполитанците да го добијат натпреварот (3-2) и да се пласираат во следната фаза. Десет дена подоцна, тој постигнал гол со кој го решил дербито против (0-1), натпревар од рамките на 18-тото коло на Серија А. Третата сезона во синиот дрес ја затворил со 7 гола на 46 настапи.
На 31 август 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во сезоната 2022-2023, во ремито на домашен терен против Лече (1-1), во рамките на четвртото коло од првенството. На 5 ноември го постигнал решавачкиот гол во победата со 2-1 на домашен терен против , во 13-тото коло на Серија А. Тој го повторил подвигот една недела подоцна, постигнувајќи гол во домашниот натпревар против , кој завршил со резултат 3-2 во корист на партенопеите. На 13 јануари 2023 година, тој го постигнал голот за конечен резултат 5-1 во победата на домашен терен против Јувентус, во 18-тото коло од првенството. На 17 јануари, тој за првпат ја носел капитенската лента на Наполи за време на натпреварот од Купот на Италија против , со што станал вториот најмлад капитен во историјата на клубот по Лоренцо Инсиње. На 4 мај, благодарение на ремито 1-1 на Наполи против Удинезе, тој го освоил првото скудето во својата кариера. Сепак, не можејќи да се избори за место во стартната постава ниту во наредната сезона, тој го напуштил Наполи во јануари 2024 година.
РБ Лајпциг и Торино На 27 декември 2023 година, официјално било објавено дека германскиот клуб од Првата Бундеслига, , го купил Елмас за сума од околу 25 милиони евра. Македонскиот фудбалер потпишал четири ипол годишен договор со германскиот клуб. Тој го направил своето деби за новиот тим на 13 јануари, влегувајќи во игра како замена за Бенџамин Хенрихс во последните минути од поразот на домашен терен со 1-0 од Ајнтрахт Франкфурт.
Откако останал „замрзнат“ во Лајпциг во првата половина од сезоната 2024-2025, забележувајќи само 6 настапи во сите натпреварувања, на 30 јануари 2025 година тој се преселил на позајмица со опција за откуп во враќајќи се во Серија А. На 14 февруари, тој го направил своето деби за „биковите“, во натпреварот загубен со 3-2 на гостувањето кај , во рамките на 25-тото коло од првенството; во истиот натпревар, тој го постигнал и својот прв гол во новиот дрес, привремено доведувајќи го својот клуб во водството од 2-1. Своето искуство со Торино го завршил со 13 настапи и 4 гола. И покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите настапи и сакале да го задржат, на крајот Торино не го откупил заради високата сума за откуп побарана од германците и играчот привремено се вратил во РБ Лајпциг.
Враќање во Наполи На 1 септември 2025, Елмас се вратил во Наполи на позајмица за која клубот платил 2 милиони евра, со опција за откуп за дополнителни 17 милиони евра.
Аталанта На 22 август 2026 година, преминал на позајмица во Аталанта.
Репрезентативна кариера 350px|thumb|Елмас (лево) во дресот на Македонија за време на натпревар против Украина на Европското првенство 2020 Елмас ја претставувал македонската репрезентација во категориите под 16, под, 17, под 18, под 19 и под 21 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 11 јуни 2017 во поразот со 1-2 од Шпанија во Скопје во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018, влегувајќи во игра на местото на Остоја Степановиќ во 46-тата минута. Неколку дена подоцна, тој бил повикан во составот на македонската репрезентација под 21 година за Европското првенство под 21 година во Полска и бил најмладиот играч во составот. Тој играл во сите три натпревари од групната фаза, по која Македонија го завршила учеството на турнирот со едно реми и два порази.Еден бод и четири постигнати гола за Македонија на првото, историско Европско првенство (ВИДЕО) mkd.mk
На 2 септември 2017, го направил својот втор настап за сениорската репрезентација во победата со 1-0 на гостувањето кај Израел во Хаифа, исто така во квалификациите за Светското првенство 2018. Својте први голови (два) за македонската сениорска репрезентација ги постигнал во победата со 3-1 над Латвија во Скопје во квалификациите за Европското првенство 2020.
На 31 март 2021 година, тој го постигнал победничкиот гол со кој Македонија ја победила , во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022; со тоа на Германците им бил нанесен само третиот пораз во 87 години во квалификациите за Светското првенство (првите два биле од во 1985 година и од во 2001 година).
Откако Македонија со победа во баражот над Грузија се пласирала на Европското првенство 2020 (одложено за летото 2021 година поради пандемијата на КОВИД-19), прво историско учество на земјата на натпреварувањето, во јуни 2021 Елмас бил повикан да ја претставува репрезентацијата. Тој ги одиграл сите три натпревари на првенството на кое Македонија во група со , и забележала три порази и била елиминирана уште во првата фаза.
На 17 октомври 2023 година, Елмас за првпат ја предводел Македонија со капитенската лента во победата со 3-1 во пријателскиот натпревар против .
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 11 септември 2025.