Маи Масри (; родена на ) — палестинска режисерка која се школувала во САД, и која режирала 9 филмови.

Животопис Маи е родена на 2 април 1959 година во Аман, Јордан. Ќерка е на Муниб Масри од Наблус и на Американка од Тексас. Пораснала во Бејрут, каде го поминала поголемиот дел од својот живот. Дипломирала на Државниот универзитет во Сан Франциско, во 1981 година. Набрзо потоа се вратила во Бејрут и ја започнала својата филмска кариера.

Маи Масри го запознала својот сопруг, либанскиот режисер, Жан Шамун, во 1982 година. Режирале неколку филмови заедно. Се венчале во 1986 година, и имаат две ќерки, Нур и Хана. Нур е дизајнер, а Хана е глумица во Њујорк. Маи живеела во близина на палестинскиот камп за бегалци во близина на Бејрут, кога либанската паравоена трупа извршила масакр во 1982 година.

Дела Филмографија Филмовите на Маи Масри тематски се фокусираат на Палестина и Блискиот Исток. Има добиено награди за своите филмови на филмските фестивали ширум светот.

Under the Rubble (1983) (Под урнатините) Wild Flowers: Women of South Lebanon (1986) (Диво цвеќе: Жените од Јужен Либан) War Generation (1989) (Воена генерација) Children of Fire (1990) (Деца на огнот) Suspended Dreams (1992) (Одложени сништа) Hanan Ashrawi: A Woman of Her Time (1995) (Ханан Ашрави: Жена од своето време) Children of Shatila (1998) (Децата од Шатила) Frontiers of Dreams and Fears (2001) (Границите на сништата и стравовите) Beirut Diaries (2006) (Бејрутски дневници) 33 Days (2007) (33 дена) 3000 Nights (2015) (3000 ноќи)

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Бејрут Категорија:Палестинци