Рабија ел-Адевија ел Кајсија (арапски: رابعة العدوية القيسية; родена меѓу 714 и 718 — починала во 801 година) — муслиманска (суфиска) светица. Некаде е позната и како Хазрат Биби Рабија Басри или како Рабија Басри.
Учењето на Рабија ел-Адевија Рабија ел-Адевија е најпозната по тоа што аскетската традиција ја споила со посебен вид љубовен мистицизам. Притоа, нејзината љубов кон Бога била апсолутна и ексклузивна во однос на сè, не допуштајќи место за страв од пеколот, омраза кон ѓаволот или страст за рајот.„Рабија ел-Адевија“, во: Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 85. Рабија ел-Адевија како тема во книжевноста „Рабија ел-Адевија“ - суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 85. „Рабија“ (Rabia) - турски филм од 1973 година, во режија на Осман Ф. Седен. „Рабија, првата жена-светица“ (Rabia, İlk Kadın Evliya) - турски филм од 1973 година, во режија на Суреја Дуру.
Наводи
Категорија:Ислам Категорија:Мистицизам Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Починати во 801 година