Религијата во Кенија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Доминантна религија во Кенија е христијанството, кое го почитуваат околу 84,8% од вкупното население. Исламот е втора по големина религија во Кенија, практикувана од околу 9,7% од вкупното население. Други вери во Кенија се бахајството, будизмот, хиндуизмот и традиционалните религии.
Христијанство thumb|десно|250п|Црква во Кенија
Римокатолицизмот за првпат бил донесен во Кенија во 15 век од страна на Португалците и многу бргу се проширил во текот на XX век од страна на колонистите. Денес, главните христијански деноминации во Кенија се протестантските верници, кои сочинуваат околу 47,4% од верскиот состав на земјатаWycliffe Ambetsa Oparanya (31 August 2010) . Ministry of State for Planning. knbs.or.ke. Најголеми протестантски деноминации во земјата се Англиканската црква на Кенија, Презвитеријанците, Калвинистите, Методистите, Баптистите, Лутераните и Пентекостите. Римокатоличката црква има 23,3% верници од вкупниот број на население.
Источната православна црква има повеќе од 650.000 членови во Кенија според податоци од 2010 годинаTable: Christian Population in Numbers by Country. Pew Research Center: Religion & Public Life. DECEMBER 19, 2011. Retrieved: 7 February 2017., што ја прави најголемата православна црква во Африка по Етиопската православна црква. Во 2016 година биле основани две нови епархии во рамките на Православната архиепископија на КенијаENTHRONEMENT OF BISHOPS IN KENYA - MAY 2016. Pravoslavie.ru (St. Barnabas Orthodox Mission Kenya). May 16, 2016.Retrieved: 7 February 2017..
Други статистички значајни некатолички и непротестантски христијански цркви се Нова апостолска црква, Црква на Адвентистите од седмиот ден, Јеховини сведоци, Обединета меѓународна пентекостална црква. Непротестантските и некатоличките групи сочинуваат околу 11,8% од населението.
Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни има повеќе од 10.000 членови во 39 региони во Кенија. Тие исто така имаат и два центри во Кенија и центар за вработување во НајробиLDS Meetinghouse Locator.Latter Day Saint Facilities.Orthodox Wiki: Makarios (Tillyrides) of Kenya.
Студијата од 2015 година проценува дека 70.000 христијански верници се од муслиманско потекло во земјата, и повеќето од нив припаѓаат на некоја форма на протестантство.
Ислам thumb|десно|250п|Џамија во Кенија
Исламот е религија со приближно 11,1% од населението на Кенија. Исламските организации ги оспоруваат овие бројки. Некои извори укажуваат на тоа дека процентот на муслимани во Кенија е меѓу 35 и 45%.Al-wayi.org. Поголемиот дел од муслиманите во Кенија се сунити, главно припадници на Шафискиот мезхеб. Околу 7% се идентификуваат како шиити, а околу 4% се идентификуваат како следбеници на редот Ахмадија. Муслиманите се концентрирани главно во крајбрежните и североисточните региони. Во Најроби има неколку џамии и значајно муслиманско население. Постојат големи и историски значајни популации на свахилски муслимани на брегот (најмногу во Момбаса, Ламу и Малинди), во западната провинција и помал број сомалиски, арапски и јужноазиски муслимани.
Религиозните судови, наречени кадиски судови, имаат надлежност над одредени граѓански прашања, како што се разводот и наследството, според Уставот на Кенија. Муслиманите се пожалиле дека се цел на дискриминација од страна на владата, особено по бомбардирањето на амбасадата во САД во 1998 година во Најроби и на други места.
Останати thumb|десно|250п|Хиндуистички храм во Кенија
Од 1999 година, бројот на верници на будизмот е во постојан раст во Кенија. Во Кенија живеат повеќе од 1000 будисти. Будизмот е исто така една од најбрзите растечки религии во земјата. Главниот будистички храм се наоѓа во престолнината Најроби.
Друга помала религија во земјата е бахајството, која во 1990-тите години учествувала во националниот здравствен проект во заедницата, вклучително и вакцинирање, одржување на тоалети и развивање извори на чиста вода.. Во земјата бахајството било донесено преку мисионерство на три лица: Ричард Барбе Бејкер, кој направил свои мисии помеѓу домородното население, Енох Олинга кој патувал во Кенија служејки во британскиот кралски армиски образовен корпус и Маргарет Престон која во 1945 година дошла во земјата како членка на Националното духовно собрание на Обединетото Кралство од 1939 до 1945 година. Според проценките, се претпоставува дека во земјата живеат околу 429,000 бахајци.
Нерелигиозни
На пописот од 2009 година, 922.128 луѓе се изјасниле дека немаат никаква религија. Оваа бројка зазима 2,4% од вкупниот број на население, што ја прави оваа група поголема од групите кои се пријавуваат како традиционалисти, хиндуисти или друга религија. 61.233 или 0,2%, објавиле дека не ја знаат својата религија. Постои стигма против луѓето кои се атеисти во земјата. Анкетата на Gallup спроведена во 2012 година открива дека 88% од Кенијците се сметаат себеси за религиозни, 9% се сметаат за нерелигиозни, додека 2% се дефинираат како убедени атеисти, поставувајќи ја Кенија во првите 10 верски популации во светот.
Наводи